Се омажила за поранешниот сопруг 16 години по разводот: „Сфативме дека и понатаму имаме хемија“

Љубов или друго нешто се крчка...

Вреди ли втора шанса?

Кара Мек (49) и нејзиниот сопруг Лери (60) доживеале нешто со кое ретко кој може да се пофали, односно издвои во најмала рака. Се запознале, венчале, развеле и по 16 години повторно се споиле. Звучи лудо, нели?

Како започна наивната приказна?
Тие се запознале во теретана во 1996 година, кога Кара имала само 20 години. Иако била толку млада била убедена дека Лери е мажот на нејзиниот живот. Не ја предомислил ни фактот што Лери е постар од неа цели 11 години и што веќе има еден брак со два сина.

„Иако знаев дека со стапувањето во брак со него ќе бидам маќеа на две деца, верував дека ќе ги сакам подеднакво како и тој“, рече Кара.

Како што одминувало времето така станувале се поблиски. Синовите ја прифатиле „новата мајка“. Инаку Лери од претходната сопруга, со која ги има и двата сина, се развел на мирен и спогодбен начин.

По неколку години Кара и Лери добиваат две ќерки и започнуваат тензиите во семејството. Бидејќи Кара почнала и да работи не можела да ги издржи, како што изјавила, улогите и на мајка и на маќеа. По кратко време, односно во 2001 година, тие се развеле, но на мирен начин.

Само неколку месеци по разводот, Кара сфатила дека згрешила, но чекале нешто повеќе од една и пол деценија да се врати на стара љубов. По сплет на околности тие повторно се сретнале и договориле вечера во ресторан во 2018 година.

Сега сите живеат заедно под еден кров и важат за големо и среќно семејство.

Фото: Фејсбук

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.