Дочекајте ја зимата подготвени: Овие 3 дезена на капути ќе бидат апсолутен хит сезонава!

Секому му стојат

Издвоивме 3 дезена на капути што ќе бидат популарни оваа зима

Капутите се идеалниот начин да го надополните својот изглед и да ја започнете зимата со стил. Оваа сезона ќе имате можност да ги комбинирате со секое модно парче, а додека размислувате каков да одберете, земете ги предвид неколкуте клучни трендови што ќе владеат оваа зима.

Еден од доминантните трендови се долгите капути, кои често достигнуваат под колена. Овие капути не само што изгледаат елегантно, туку претставуваат и одлична заштита од студот.

Долг крем капут

Долгите крем капути се особено популарни оваа сезона. Крем бојата поседува неодолива женственост и може да ја трансформира секоја комбинација, давајќи ѝ доза на елеганција. Иако можеби се чини помалку практичен поради светлата боја, крем капутот привлекува внимание и остава луксузен впечаток. Овој модел на капут е задолжителен за секоја жена со стил. Можете да го носите со елегантни вечерни комбинација, но и да го комбинирате со лежерна облека за секојдневни пригоди.

Дезен рибина коска

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Have2have (@have2have_)


Уште еден класичен избор е капутот со дезен рибина коска. Овој денес никогаш не излегува од мода и отсекогаш бил синоним за елеганција. Без разлика дали носите подолг или пократок модел, капутот со ваков дезен ќе го збогати вашиот зимски изглед. Неговата суптилна присутност го прави ненаметлив, а истовремено остава силен печат на секоја модна комбинација. Можете да експериментирате со различни кроеви, креирајќи единствен и многу елегантен изглед.

Капут со крзнен детаљ

Крзнените детали се враќаат во мода, а овој пат се појавуваат на капутите. Капутите со крзнени јаки и ракави се тренд што ќе доминира со модната сцена. Комбинацијата на крзно со класичен капут создава совршен спој на елеганција и функционалност. При комбинирањето капути и крзнени детали, треба да внимавате на видот на крзно и да бидете доследни на стилот за да постигнете кохерентен изглед.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.