ДНЕВЕН ХОРОСКОП за 21. октомври (сабота): На Близнаците сѐ ќе им тргне на подобро, а НИВ ги очекува пеколен период!

Астро-прогноза

Терезијата ќе им се посвети на семејните проблеми, додека Девицата ќе се спаси само ако забави

ОВЕН

Работа: Првиот ден од викендот е ден за одмор за типичните претставници на знакот Овен, но можно е да поминете извесно време во комуникција со некој од соработниците во врска со некои заостанати обврски што треба да се завршат.

Љубов: Ништо спектакуларно нема да го обележи овој ден во сферата на љубовта.

Здравје: Одбегнувајте поголем физички напор.

БИК

Работа: Биковите првиот ден од викендот би требало максимално да се опуштат и да ги искористат поволните аспекти за дружење со пријателите.

Љубов: Доколку сте слободни, обрнете повеќе внимание на личноста што сте ја запознале неодамна. Немојте да се двоумите, немојте да се кочите – можноста што ја имате нема да трае вечно.

Здравје: Внимавајте на исхраната.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Немојте ништо да форсирате дента кога треба повеќе да се релаксирате и одморате, а помалку да работите.

Љубов: Конечно можете да го прекинете проблематичниот период или да ставите точка на прашањата што и двајцата многу ве оптоварувале.

Здравје: Променливо расположение.

РАК

Работа: Иако ве очекуваат бројни домашни обврски, оставете доволно време и за соодветен одмор и релаксација.

Љубов: Уживајте во сето тоа што заеднички го сакате и ве прави среќни.

Здравје: Можни дигестивни проблеми.

ЛАВ

Работа: Посебен ангажман ќе имаат оние Лавови кои деловно се врзани со странство. Важно е да не брзате.

Љубов: Ден проткаен со позитивна енергија и добро расположение ве очекува на љубовен план. Неодамнешно познанство би можело да се претвори во сериозна љубов.

Здравје: Зајакнете го имунитетот.

ДЕВИЦА

Работа: Важно е во сѐ што правите да бидете трпеливи до крај. Со добра организација, сѐ ќе завршите според планот.

Љубов: На љубовен план сѐ може да биде сосема коректно, ако доволно се опуштите и дозволите нови луѓе да влезат во вашиот емотивен простор.

Здравје: Збогатете ја исхраната и внесувајте витамини.

ТЕРЕЗИЈА

Работа: Ве очекува многу поволен ден за да завршите некои обврски поврзани со домот или едноставно да им се посветите на семејните случувања.

Љубов: Од многуте интересни средби и контакти, барем еден би требало да се издвојува и да го заслужи вашето внимание.

Здравје: Многу добро.

СКОРПИЈА

Работа: Денов би требало да го искористите за да се занимавате со долгорочни планови, што се однесува до работата. Сменете нешто ако не сте задоволни.

Љубов: Не бидете изненадени ако на вашиот љубовен хоризонт се појави стара симпатија или личност од блиско љубовно минато.

Здравје: Многу добро.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Повеќето работни активности, Стрелците ќе можат да ги завршат на задоволителен начин, но сметајте на тоа дека најмногу време ќе ви одземат некои обврски од изминатиот период.

Љубов: Доколку имате јасна цел и подготвени сте искрено и отворено да зборувате за неа со саканата личност, тогаш нема пречки за вас на љубовен план.

Здравје: Одлично.

ЈАРЕЦ

Работа: Нема ништо ново во најава првиот ден од викендот кај повеќето Јарци. Сѐ ќе се одвива по истиот, познат тек.

Љубов: Искористете го денов за дружење со пријателите, ќе ви годи друштвото на драгите луѓе.

Здравје: Одлично.

ВОДОЛИЈА

Работа: Оваа сабота би требало да им донесе на Водолиите и официјална потврда дека успешна го завршиле еден нималку лесен работен циклус.

Љубов: Поставете си приоритети и заземете став во согласност со нив, ќе имате повеќе причини за задоволство.

Здравје: Нема причина за загриженост.

РИБИ

Работа: Потенцијално добар работен ден ги очекува типичните Риби, особено ако треба да направат некој договор со странци.

Љубов: Денес иницијативата препуштете ѝ ја на другата страна, а вие опуштете се и уживајте.

Здравје: Многу добро.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.