Пејачката ја покажала тетоважата преку целиот грб, а луѓето се шокирани: „Што е ова, дали е ова некаква шега?“

Пејачката го истетовирала целиот грб

Ексцентричната пејачка Били Ајлиш ја покажала новата тетоважа преку целиот грб, а таа изгледа како – чкртки

Младата пејачка Били Ајлиш ги шокирала обожавателите кога објавила фотографии од својата најнова тетоважа која се протегнува преку целиот грб, по должина на ‘рбетниот столб.

Тоа не ќе беше ништо чудно ако тетоважата не претставуваше чкртки!

„Мразам што се однесувам олку старо, но… што е ова? Што треба ова да претставува?“

„Зошто е толку неуредна тетоважава? Како некој да користел нож за да ја нацрта.“

„Гледам што правиш: Целата си во стил ‘јас сум славна личност и правам диви глупости’. Напред девојко, напред.“

„Изгледа како дете да си играло со мастило по грбот“.

„Како да си тестирала дали пенкалото работи на грбот“, гласат некои од коментарите на социјалните мрежи.

Последниве децении култот кон тетоважите го достигна својот максимум. Сè почести се случаите на потполно покривање на телото со тетоважа, а младата пејачка како да тргнала по тој пат.

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе