Капут што ја истанчува ставата и во кој секоја жена изгледа отмено: Меган Маркл во совршено парче за преодниот период!

Ви се допаѓа?

Овој капут совршено ги крие вишокот килограми и ѝ стои на секоја жена

Без разлика дали ја сакате или не, Меган Маркл е вистинска инспирација за жените ширум планетата, кога е стилот во прашање. Нејзиниот плакар е полн со безвременски парчиња облека, што со задоволство би ги облекле многу дами, а голем дел од парчињата спаѓаат во трендот „тивок луксуз“.

Таа претпочита да носи опуштени модни стајлинзи кои лесно се комбинираат, а една таква комбинација понела на хуманитарната акција на Кевин Костнер, каде што се појавила со својот сопруг, принцот Хари, и ги воодушевила сите.

Моментално сите очи се вперени во неа, исчекувајќи ги новите есенски стајлинзи кои веднаш можеме да ги ставиме на нашата шопинг-листа и да тргнеме во потрага по слични парчиња во локалните продавници.

Кога се појавила на хуманитарната забава, одржана на имотот на актерот Кевин Костнер, стајлингот на Меган Маркл ги засенил сите присутни.

Прекрасниот волнен капут кој потсетува на пелерина, со црни надраменици и голема панделка во пределот на струкот, е идеален за жени кои сакаат да постигнат визуелно потенка става.

Меган и претходно го има носено ова фантастично парче на „Каролина Херера“ од колекцијата есен/зима 2022.

Меган го надополнила стајлингот со обувки „Маноло Бланик“, како и со елегантни златни обетки, додека косата ѝ била собрана во ниска залижана пунџа.

Секое од овие парчиња е идеално за студените зимски денови, а многу лесно може да се комбинира и со други парчиња, поради што можете да ги носите во сите преодни периоди.

Како ви се допаѓа?

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.