Поради сопругот ја сменила верата, па поминала низ пекол поради свекрвата: Се појавила како божица и го покажала стомакот!

Блескала

Еве како бремената манекенка Карли Клос изгледала на Филмскиот фестивал во Кан

Карли Клос изгледала како грчка божица додека чекорела по црвениот килим за премиерата на филмот „Индијана Џонс и бројчаникот на судбината“ на Канскиот филмски фестивал. Таа им позирала на фотографите, држејќи го својот труднички стомак.

Оваа 30-годишна ѕвезда ги засенила сите присутни во златен фустан на „Диор“ со едно голо рамо и со интересни плетенки околу половината. На главата носела елегантна златна лента со мрежест превез, што ѝ го покривал лицето и правел да изгледа како грчка божица.

Клос, која се омажила за братот на милијардерот Џаред Кушнер, Џош Кушнер (37) во 2018 година и со него добила син Леви (2) во 2021 година, неодамна ја открила својата бременост, а сега и гордо го покажала трудничкиот стомак.

Интересно е што манекенката ја сменила верата поради својот сопруг и станала Еврејка.

„Го следев своето срце и се омажив за маж кого го сакам и покрај сите компликации што следуваа“, рекла Карли во една пригода.

Имено, семејството на Џош мислело дека Карли не е доволно добра за него, па ја запознале дури по 6 години врска.

На неговото семејство најмногу му пречело тоа што Карли не е од иста вероисповед како нивниот син. Со години зборувале лоши работи за неа и воопшто не се труделе да го скријат своето мислење.

И покрај тоа што ја сменила верата, ни тоа не им било доволно. Иако одлучиле да ја запознаат, се шушка дека сè уште не се добри односите меѓу нив, а како што наведуваат блиските луѓе, никогаш нема ни да бидат.

Но Карли е сигурна во својата љубов и никогаш не ни помислила да го напушти сопругот.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.