Џиџи Хадид изгледа како МОДЕРНА СИРЕНА во тесниот фустан со КОРСЕТ: И СОФИСТИЦИРАНА И НЕОБИЧНА во исто време

Никогаш не била погламурозна

Џиџи Хадид

Модните изненадувања се незаменлив дел од нејзиниот стил на облекување.

И манекенката Џиџи Хадид е на фестивалот во Кан. Беше гостинка на премиерата на филмот Firebran во режија на Карим Ајнуз.

Џиџи изгледаше многу гламурозно на црвениот тепих. И повторно изненади.

Имено, манекенката, која претходните години беше прогласувана за најдобро облечена жена на светот,  на Канскиот филмски фестивал позираше во корсет-фустан кој ја истакна нејзината барби-половина. Тоалетата имаше избалансирана боја и необични детали, кои дополнително ги истакнуваа колковите на Џиџи.

Фризурата и накитот се дефиниција за гламурот во модата, а нејзината шминка беше совршено усогласена со бојата на облеката.

Одличен потег направи и со изборот на чевлите. Имајќи предвид дека нејзиниот моден избор често предизвикува спротивставени коментари, веројатно така ќе биде и овој пат.

Дали ви се допаѓа канскиот фустан на оваа манекенка или очекувавте подобар стајлинг од неа?

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.