Суперхрана во служба на негата: Време е да го збогатите вашиот бјути-ритуал со природни и хранливи состојки!

Решете ги проблемите со кожата на лицето

Фото: Getty Images

Супер-маски на база на природни состојки!

Нема ништо од подобро од маска за лице за засилување на рутината за нега на кожата. Маската за лице е совршен третман кој покрај тоа што пружа уживање и вистинско спа-искуство во вашиот дом, доколку е правилно избрана, може да реши клучни проблеми и состојби на кожата, како што се дехидрираност, зголемени пори, акни или прекумерно лачење себум.

Супер-маски на база на природни состојки!

Постојат различни видови маски за лице, со различни текстури и намени, но дали сте слушнале за маските кои во својата основа содржат плодови и растенија што го носат епитетот суперхрана? Покрај тоа што витамините и хранливите материи од оваа храна значително влијаат врз подобрувањето на квалитетот на кожата кога ги консумираме, имаат големи предности и кога се нанесуваат директно на неа.

Состојките како мача и зелен чај се познати сојузници во борбата против црвенилото, иритациите и предвременото стареење на кожата, авокадото по своите хидрирачки и омекнувачки својства, а боровинките како природен антиоксиданс кој длабински прочистува и освежува.

Овие маски ни се веќе достапни!

Збогатете го вашиот неделен ритуал со SuperFood маска, формулирана со 95% природни состојки, без штетни хемикалии и обезбедете ѝ ги потребното чистење, хидратација и хранливост, оставајќи ја свежа и подготвена за сите предизвици!

Редовното користење маска од глина на неделна основа ја оптимизира рутината за супер чиста кожа. Постигнете сјаен и изедначен тен со маска од глина збогатена со смирувачка мача, моринга за прочистување и чиа семе кое обезбедува хидратација.

                  

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Peel-off маските се омилени на многумина од нас! Маската збогатена со смирувачко масло од канабис, инфузија на мирисна куркума и антибактериски мед го измазнува лицето и го осветлува тенот со нежен пилинг.

За хидрирана, мазна и сјајна кожа и лице исчистено до перфекција, изберете маска со боровинки богати со антиоксиданти и освежителни малини или маска со авокадо која пружа моќна хидратација и нежна ексфолијација, благодарение на ситно дробените ореви кои ги содржи, а е дополнително збогатена и со алое вера за смирувачко дејство.

Која е вашата омилена SuperFood маска?

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.