Данијела Димитровска го возвраќа ударот: Вака одговори на веста дека Амиџиќ е во врска со колешката (ФОТО)

Дама

Стајлингот на познатата манекенка ги воодушеви дамите во регионот.

Данијела Димитровска се најде во центарот на вниманието откако во јавноста излезе информацијата дека нејзиниот поранешен сопруг Огњен Амиџиќ е во врска со колешката Мина Наумовиќ.

Иако не сакаше да ги коментира овие наводи, можеме да погодиме како навистина се чувствува од објавите на нејзиниот инстаграм-профил.

Новата девојка на Огњен Амиџиќ сликана во станот каде што позираше неговата бивша сопруга (ФОТО)

Имено, атрактивната манекенка е многу активна на социјалните мрежи, а една нејзина објава привлече невидено внимание во јавноста. Овој пат во центарот на вниманието е стајлингот на Данијела Димитровска, кој, како и секогаш, е беспрекорен.

Поранешната сопруга на Огњен Амиџиќ овој пат се одлучи за комбинација која може да биде и деловна и „секојдневна“. Главниот адут во овој аутфит е карираниот дезен, а Данијела карираниот костум го искомбинира со обична бела кошула. Таа го заокружи овој пролетен изглед со црни очила за сонце.

Стајлингот на Данијела Димитровска ги воодушеви нејзините следбеници, а коментарите, како оние дека изгледа најубаво досега и дека ова е дамски начин да му покаже на бившиот што изгубил, не изостанаа ниту овој пат.

Се стиска и гушка со него и не ѝ е гајле за новата љубов на Огњен Амиџиќ (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.