Се стиска и гушка со него и не ѝ е гајле за новата љубов на Огњен Амиџиќ (ФОТО)

Не е сама

Данијела Димитровска го „избриша“ бившиот сопруг.

Водителот Огњен Амиџиќ ја потврди врската со колешката Мина Наумовиќ, атрактивна бринета која се појавува во сегментот „Пази Мина“ на неговата емисија „Амиџи-шоу“.

Да, вистина е. Во врска сме, но се договоривме да ја чуваме приватноста и да не зборуваме за тоа, изјави Амиџиќ.

Огњен минатата година се разведе со манекенката Данијела Димитровска со која има син. А по веста дека повторно е во врска, сите чекаа да се огласи таа.

Новата девојка на Огњен Амиџиќ сликана во станот каде што позираше неговата бивша сопруга (ФОТО)

Имено, Данијела на својот Инстаграм објави фотографии од новиот стан, каде што се пресели со синот по разводот.

Таа објави фотографија со наследникот Матија, кого го бакнува во лифтот, а потоа покажа како ужива во неговото друштво во нивниот дом.

Во паузата меѓу училиштето и тренингот, стискање и бакнување по цел ден – напиша кратко на Инстаграм.

Danijela Dimitrovska

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.