Велигденски десерт без јајца и без печење: Сочен и кремлив колач што се прави за 30 минути!

Пробајте!

Велигденскиот колач може да се приготви брзо и лесно, а овој рецепт е доказ за тоа

Доколку сте во брзање и не можете да постигнете со сè, ви предлагаме да приготвите колач од вишни и ванила, кој се топи во уста.

Состојки:
  • 4 пакувања пишкоти
  • За филот со вишни:
  • 600 г вишни
  • 300 мл сок од вишни
  • 6-8 лажици шеќер
  • 3 лажици густин
  • 50 г путер или маргарин

За филот од ванила:

  • 600 мл млеко
  • 2 пудинга од ванила
  • 10 лажици шеќер
  • 200 г путер или маргарин
  • 50 г кокос
  • 100 г изматен шлаг-крем

За глазурата:

  • 200 г црно чоколадо
  • 180 г слатка павлака
Приготвување:

Прво, пригответе го филот така што ќе го сипете млекото во тенџере. Ставете 8 лажици шеќер во млекото, па оставете го да зоврие. Сварете го пудингот во млекото. Тргнете го пудингот на страна. Кога пудингот ќе се олади малку, додајте путер и измешајте. Додајте и 50 г кокос во смесата. Префрлете го тоа во садот и оставете го да се олади.

Пригответе го филот од вишни така што во сокот од вишни ќе додадете густин и шеќер и потоа ќе го оставите шеќерот да се стопи. Додајте ги вишните и сето тоа сварете го за да добиете соединета смеса. Во оладениот фил додајте 50 г путер.

Филувајте го колачот така што ќе ставите слој пишкоти потопени во млеко, па ќе ставите од жолтиот фил, потоа од црвениот, па повторно пишкоти и сè така додека го потрошите материјалот. Сето тоа прелејте го со фил од чоколадо и слатка павлака и оставете го колачот еден ден добро да ги впие состојките.

Оладете го и послужете го!

Слатки, крцкави и сочни: Бајадери од кикиритки, посни колачиња за сечиј вкус (РЕЦЕПТ)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.