Техника на бојосување јајца со чај: Сите се воодушевени од неверојатниот природен резултат!

Прекрасно!

Бојосувањето јајца со чај е многу лесна техника, а кога ќе го видите крајниот резултат, ќе бидете презадоволни

Само неколку дена нè делат од Велигден, па во тек се подготовките за бојосување јајца. Иако веројатно досега сте чуле за бројни техники, ви предлагаме една од наједноставните – искористете чај од хибискус и на потполно природен и лесен начин ќе добиете прекрасни јајца што, сигурни сме, дека секого ќе го маѓепсаат!

Имено, за оваа техника на бојосување ќе ви требаат бели јајца, но ако имате жолти, можете да ги избелите.

Состојки:
  • свежи бели јајца
  • 80 г чај од хибискус (оваа мерка е доволна за 10 јајца)
  • алкохолен оцет
  • фолија што се растегнува
Постапка:

Пред да ги сварите, нежно избришете ги јајцата во млака вода. Потоа, ставете ги во тенџере со пола литар ладна вода и 400 мл алкохолен оцет и варете ги 11 минути. Кога ќе се појави пена на површината од водата, внимателно отстранете ја со лажица. Потоа, сипете ладна вода преку јајцата и повторно пребришете ги со чист сунѓер.

Потоа, во сад ставете 80 г чај од хибискус, купен на мерење, никако од кесичка. Прелејте го со врела вода и додајте лажиче оцет, па добро промешајте. А потоа во него спуштајте ги јајцата. По 3 минути, извадете ги јајцата и ставете ги на фолија. Додајте уште малку чај и завиткајте ги.

Почекајте да отстојат неколку минути и потоа внимателно избришете ги со хартиена салфета. Оставете ги добро да се исушат и премачкајте ги со масло за да блеснат.

Напомена: Колку подолго ги држите јајцата во чајот, толку потемна боја ќе добијат.

Ви го откриваме најлесниот начин за декорација на вашите велигденски јајца!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.