Слатки, крцкави и сочни: Бајадери од кикиритки, посни колачиња за сечиј вкус (РЕЦЕПТ)

Пробајте ги!

Посни колачиња со вкус на чоколадо и кикирики.

Ви претставуваме вкусен десерт за целото семејство, кој можат да го приготват сите! Количеството е за 10 лица, станува збор за посен рецепт, кој се приготвува 30-тина минути.

Состојки:
* 250 г маргарин
* 150 г шеќер
* 1 ванилин шеќер
* 100 мл вода
* 200 г чоколадо за готвење
* 150 г несолени кикиритки
* 300 г мелен посен бисквит

За глазура:
* 100 г чоколадо за готвење
* 3 лажици масло

Приготвување:

1. Во тенџере, измешајте вода, шеќер и ванилин шеќер, па варете додека зоврие. Додајте ги маргаринот и коцките чоколадо, па продолжете со загревањето на умерена температура додека се растопат состојките.
2. Смесата се трга од шпорет, па се додаваат мелените бисквити и кикиритките и се меша да се добие хомогена маса.
3. Обложете со хартија за печење квадратест калап 20×20 см и истурете ја смесата во него. Оставете ја на ладно да се стегне.

4. За приготвување на глазурата, растопете ја чоколадата на пареа со малку масло, па прелијте ја врз смесата во калапот и почекајте да се стегне. Откако ќе се стегне тортата, исечете ја на парчиња.

 

 

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.