Таа е најбараната манекенка на денешницата: Ја прогласија за најубава жена во светот, а дизајнерите се тепаат да ја имаат на ревија

Шоубизнис

Бела Хадид (25) денес е неприкосновена кралица на модната сцена, а тоа го докажа токму сега, на модната недела во Париз.

Бела Хадид оваа недела направи вистински шмек во Париз. Речиси сите дизајнери имаа силна желба да ја имаат на својата ревија.

Така на ревијата на “Coperni”  прошета само во гаќички, пред нејзиното тело да биде „испрскано“ со фустан.

Веднаш потоа, Бела се појави на ревијата на дизајнерката Стела Макартни во комплетно проѕирен комбинезон во боја на кожа, прошаран со светкави конци, под кој не носеше градник и кој ја истакна нејзината витка, извајана фигура.

Бела е една од оние манекенки која без проблем и како вистински професионалец чекори по пистата потполно гола, а ја придружува епитетот најзгодна и најубава жена.

Да се потсетиме, Бела во 2019 година беше прогласена за жена со најсовршено лице на светот – ова го утврдија научниците врз основа на познатата теорија за златниот пресек, онаа во која се што е хармонично и има идеални пропорции е убаво.

Бела, освен во професионалната кариера има среќа и во љубовта, поради што е  среќна свршена со Марк Калман.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.