Го прекина молкот: Емина проговори за судењето со бившиот, на Мустафа нема да му се допадне ова!

Разводот на поп-пејачката не престанува да ја интригира јавноста.

Откако пред неколку месеци ѝ се заколна вечна љубов на својата 20 години помладата партнерка, Мустафа Сандал ѝ стана, може да се каже, трн во окото на неговата поранешна сопруга Емина Јаховиќ. Имено, познатата пејачка одлучи да го прекине молкот и конечно да каже неколку зборови за поранешниот сопруг.

За време на гостувањето во една ТВ-емисија, Емина отворено проговори за врската со Мустафа, со кого разводот ја чинеше нова тужба и повторна средба на суд. По завршувањето на бракот, пејачката била принудена да го тужи популарниот турски за неплаќање алиментација, а сега ги откри деталите од тој, нималку пријатен, процес.

Првпат бев на суд кога се разведов и се уште сум на суд со мојот поранешен сопруг затоа што направи некои работи кои никако не му одговараат на некој што им е татко на моите деца. Затоа сакав да не ја изгуби одговорноста што ја вети на денот кога се разведовме – изјави неодамна Емина, откривајќи што мисли за новата избраничка на Мустафа.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mustafa Sandal (@mustafasandal24)

Само сакав да се уверам дека изборот што го направи е вистинскиот и дека нема да биде вака една година и онака следната, на тиа и јас внимавам затоа што не сакам во животот на моите деца секоја година или на секои шест месеци да влегува нова личност – заклучила пејачката.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emina Jahovic (@yaemina)

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.