Срцето ѝ е скршено: Објавата на Цеца за смртта на Жељко Јоксимовиќ ги потресе сите, јавноста е во ШОК (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Објавата на популарната пејачка го потресе целиот регион!

Цеца Ражнатовиќ е активна на социјалните мрежи, а нејзините објави имаат илјадници лајкови. Иако секогаш добива позитивни коментари, последната објава на познатата пејачка создаде немир кај фановите и крена голема прашина во јавноста.

Имено, Ражнатовиќ на својот инстаграм-профил објави старо видео, во кое во дует со својот долгогодишен пријател и колега Жељко Јоксимовиќ ја пее песната „Један дан живота“, оригинално изведена од Мишо Ковач. И, секако, ова ќе ги израдуваше сите нејзини фанови доколку Цеца не ставеше скршено срце под видеото.

Токму затоа објавата ги вознемири нејзините фанови кои помислија дека нешто лошо му се случило на Јоксимовиќ. Коментарите постојано се нижеа, а кога и самата сфати што направила, пејачката веднаш ги смени емотиконите, па сега наместо скршено – има три црвени срца.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic)

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.