Бела со длабоко деколте до стомак, a мајка ѝ закопчана до грло: Се судрија две модни крајности, а која направила подобар избор?

Светска мода

Познатата манекенка Бела Хадид и нејзината мајка Јоланда Хадид блеснаа на доделувањето на наградите Golden Heart во Њујорк, секоја во свој стил и мода дијаметрално различна.

Бела Хадид (26) носеше фустан, кој огромното деколте го претвори од романтичен во дрзок модел. Блескавата тоалета во А-крој е необичен спој на елеганција и провокација.

Познатото модно име Јоланда Хадид (58) беше поопуштено облечена од својата ќерка и многу поскромна. Од едната страна ја имаме Бела со деколте кое допира до папокот, а од другата Јоланда закопчана до грло.

Така, се судрија две модни крајности, што го наметнува добро познатото прашање кое во голема мера останува неодговорено, а тоа е: дали умереноста е поблиску до стилот отколку до предизвикот.

Кога ќе ги погледнете овие фотографии, каков е вашиот одговор?

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.