ТУЖБА против Канје Вест за СРАМНИОТ КОМЕНТАР за Џорџ Флојд: „Тој умре како последица на…“, раперот не престанува да ја вознемирува јавноста!

Опасно предизвикува

Рокси Вашингтон, со кого Џорџ Флојд имаше ќерка, го тужеше Канје Вест поради коментарите на раперот за убиството што го шокираше светот пред две години.

Во соопштението за јавноста од адвокатската канцеларија Witherspoon Law Group and Dixon & Dixon Attorneys at Law е претставен одговорот на семејството на Џорџ Флојд, кој беше убиен во 2020 година во Минеаполис и за чија смрт започна светско движење против полициската бруталност.

Вест неодамна изјави на подкастот Drink Champs дека „Флојд починал како резултат на употреба на фентанил.“

Главниот лекар, д-р Ендрју Бејкер, за време на неговото сведочење рече дека, иако срцевата болест на Флојд и употребата на фентанил придонеле за неговата смрт, тие не биле директна причина.

Д-р Вик Бебарта, лекар од собата за итни случаи, токсиколог и професор на Универзитетот во Колорадо во Денвер, рече дека Флојд починал како резултат на тоа што полицаецот Дерек Шовин го притиснал со коленото во вратот додека тој им врескал на полицајците:

Не можам да дишам.

Д-р Вик Бебарта, исто така, ги поддржа и другите експерти кои ги обвинија полицајците дека не му помогнале на Флојд да дише или што не го превртеле за да овозможат проток на кислород.

Во соопштението за јавноста, адвокатите рекоа дека Вест дал лажни изјави за смртта на Џорџ Флојд за да ги промовира неговите брендови и да ги зголеми нивната маркетинг-вредност и приходите за себе, деловните партнери и соработниците“, пренесува click2houston.com.

Канје Вест во последните недели испраќа шокантни пораки полни со расна дискриминација. Тој исто така даде антисемитски коментари. На бизарниот и опасен скандал не му се гледа крајот.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.