По застрашувачките фотографии, Кара се врати уште помоќна: Велат дека дрогата ја уништува, а таа изгледа како МИЛИОН ДОЛАРИ

Шоубизнис

Британската убавица и најплатена манекенка Кара Делевињ ја загрижи јавноста со својот изглед и однесување, особено откако неодамна протекоа фотографии на кои таа седи на клупа во парк без чевли во видно лоша состојба.

По фотографиите на аеродромот и папарацо-фотографиите на актерката Марго Роби како плаче по посетата на Кара Делавињ, медиумите постојано пишуваа дека манекенката паднала во маѓепсан круг на зависност, по долготрајна борба со биполарно растројство и депресија.

Делавињ неодамна проговори за тоа и откри како се бори со многу стрес и проблеми со менталното здравје. Таа рече дека имала трауматично и стресно детство, бидејќи нејзината мајка била зависна од хероин. Поради ова, воспитувањето на манекенката било обележано со постојан страв, токсични врски и недостаток на љубов.

Секој има нешто низ што поминува со своето семејство, објасни Кара, додавајќи: Чувствувам дека животот ми беше многу стресен, бидејќи имаше многу хаос, не бев сигурна дали некои луѓе се добри или не.

По серијата вознемирувачки папарацо-фотографии, Кара Делевињ се појави во Кан на настанот MIPCOM, кој собра голем број луѓе од модниот и шоу-бизнисот.

По застрашувачките фотографии, Кара изгледаше беспрекорно во Кан. На настанот Fremantle, таа се појави во краток црн фустан, а ден подоцна на прес-конференција беше фотографирана во модерна комбинација – сако и панталони во кајсија-нијанса.

Појавата на Кара Делевињ може да се сфати како тивок демант дека се чувствува лошо, бидејќи манекенката не сакаше да ги коментира приказните за своето здравје и психичката состојба во последните месеци.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.