Се зборува дека се разведува, а таа изгледа најдобро досега! АТРАКТИВНО ИЗДАНИЕ на најпопуларниот модел на денешницата ја доведува температурата до точка на вриење!

Прекрасна!

Го одзема здивот

Кога станува збор за една од најпопуларните манекенки на планетата – Емили Ратајковски, секогаш очекуваме нешто шокантно што ќе привлече внимание, а нејзините пречести разголени фотографии го поткрепуваат тоа. Сепак, овој пат манекенката беше облечена и доста забележлива!

Емили често е во очите на јавноста, а деновиве особено поради приказната за разводот со сопругот – Себастијан, за кого се верува дека ја изневерил убавата манекенка.

Целата оваа врева ја подгреа фотографијата на Емили во јавност без прстен, а официјални потврди нема.

Сепак, ниту една гласина не ја спречува Емили да се шета низ улиците на Менхетен во совршена бела комбинација, која го одзема здивот.

Имено, таа носеше бело здолниште со должина до под колената, кое ја издолжи нејзината фигура, а со него искомбинира бел топ со гол грб, кој се држеше само со една лента напред.

На стапалата носеше кафени сандали со висока потпетица, а во рацете светкава чанта. Фризурата ѝ беше опуштена и природна, а шминката минималистичка.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.