10 црни парчиња што секоја жена треба да ги има: Класичната елеганција никогаш не излегува од мода!

Тренд што не поминува!

Не можете да погрешите со црната боја

Кога не знаете што да облечете, слободно потпрете се на црната боја. Со неа не можете да погрешите. Колку што е сериозна толку е и елегантна, а може да биде и секси и спортска. Сè зависи од тоа како ќе ја искомбинирате, кои парчиња ќе ги одберете и со какви детали ќе ја надополните.

Без разлика каков е вашиот стил, секоја жена треба да има барем по едно од следниве 10 парчиња во црна боја. Тие се вечни и можат да се усогласат со сите трендови…

1. Црн капут

Не постои комбинација во есен и зима што црниот капут нема да ја направи комплетна и совршена, без разлика дали се работи за елеганција или сосема опуштен стајлинг.

2. Црна кожна јакна

Моќно парче што одлично оди со сите стилови.

3. Црни панталони

Од моментот кога сакате да изгледате елегантно до моментот кога не знаете што да облечете, црните панталони секогаш ја спасуваат ситуацијата и тоа на најубавиот можен начин!

Без разлика дали се лежерни или широки, од тексас или кожни, тесни или ѕвонарки… Црните панталони секогаш се полн погодок!

4. Црн џемпер или ролка

Парче облека што зрачи со едноставност, но и класична елеганција, а може да го искомбинирате на милион начини.

5. Црна кошула

Кога зборуваме за облека за на работа, првата асоцијација е секако црната кошула. Покрај со класични одела, одлично оди и со фармерки, здолништа…

6. Црна маица

Наједноставната црна маица е едно од парчињата што секоја жена треба да ја има. Црните маици се одлична подлога под кошула или блуза, одлично одат со фармерки, шорцеви и здолништа во најразлични комбинации и стилови.

7. Црн фустан

Омиленото парче на многу жени: црниот фустан. Без разлика дали се работи за познатото мало црно фустанче, за подолг, широк или тесен, не може да погрешите со црниот фустан.

View this post on Instagram

Женственные платья — основа моды. Платье выполнено из кружевного полотна в сочетании с плисерованной сеткой. Доступны размеры 44, 46, 48 Вся коллекция на сайте http://vesnaletto.by/collections?article_id=84 Наш интернет -магазин http://vesnaletto.by/shop Наши телефоны ☎ +375 29 689-88-29 +375298051907 ⬇ зимняя коллекция поступила в розничную/оптовую продажу ! #russia #cpm #moscow #cpmmoscow #fashionfair #fashionbrand #russia2019 #fashionmagazine #fashionshow #luxury #платье #vesnaleto #vesnaletto #трикотаж #белорусскийтрикотаж #купитьблузку #блузкаминск #milano #italy #маленькоечерноеплатье #черноеплатье #купитьплатьевукраине #blackdress

A post shared by VESNALETTO (@vesnaletto_fashion) on

Во зависност од кројот, може да се вклопи во секој стил: спортски, професионален, елегантен и изгледа едноставно совршено секогаш и секаде.

8. Црна чанта

Вечна класика!

9. Црни чизми

Нема ништо потешко од тоа да се одлучите за само еден пар црни чизми. Тие се дефинитивно едни од најелегантните обувки што постојат и секоја дама има свој омилен пар.

Дали се работи за рамни црни чизми до или над колена, до глужд или слични модели со потпетица, црните чизми едноставно немаат конкуренција.

10. Црни салонки со висока потпетица

Идеални се буквално за секоја прилика. Тие може да бидат дискретен и елегантен украс на професионалните модни комбинации, но и моќно оружје на секоја заводница!

 

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време