Нов број на „Убавина и здравје“ – Јануари и февруари се месеци на љубовта!

#онаштонавистинаеважно

Погледнете само мал дел од содржините во најновата #ubavinaizdravje

Љубовта постојано нè инспирира нас, но во ова наше издание во годината редовно ја ставаме во самиот фокус. Дали и што учиме од своите љубовни искуства и дали понатаму го применуваме наученото? Дали љубовта, воопшто, може да се учи? Ние велиме ДА!

Доказ за тоа се среќниците што ја пронашле својата подобра половина и почнале со подготовките за големиот ден – нивната венчавка од соништата! За сите нив, дел од страниците на најновиот број на „Убавина и здравје“ се посветени токму на најновите свадбени трендови што сигурно ќе ви дадат одлични идеи. Нашиот специјал за венчавки ќе ги реши дилемите на секоја идна невеста!

Покрај богатите содржини, совети за убавината, модата и здравјето, со секој примерок ќе добиете додаток во исхраната Selen+Zn Direkt од Pharmanova и мирис Her Story од AVON.

Не случајно ја одбравме и дамата што ја краси насловната страница. Шарлиз Терон оваа зима повторно нè освојува со улогата на силна жена во филмот „Тие се бомби“ (Bombshell), приказна за храброста да се зборува за сексуалното вознемирување и злоупотребата на моќта.

Во продолжение погледнете само мал дел од содржините во најновата #ubavinaizdravje !

Редакцијата на „Убавина и здравје“

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.