Практични совети за подобро осветлување на дневната соба

Разни амбиенти за секоја активност

Дневните соби денес претставуваат повеќенаменски простори во кои се гледа телевизија, се јаде, се комуницира или се чита. Доколку дневната соба има приспособлива шема на осветлување, многу лесно можат да се создадат различни амбиенти за секоја активност.

Истакнувањето на предметите со осветлувањето е најсоодветно токму во овој дел од домот, како на пример, истакнување на билките во домот, книгите, сликите или мебелот.

Кога станува збор за фиксното осветлување, не треба да се претерува со негово поставување бидејќи еден ден можеби ќе се определите за промена на распоредот на мебелот, па тоа веќе нема да биде во потполност функционално.

Еве неколку практични совети за подобро осветлување на дневната соба:

• Употребувајте волфрамови светилки доколку сакате помек и попријатен амбиент.

• Искористете ги столните светилки и поставете ги на рабните делови на собата, на комодите или на полиците. На овој начин ќе се создаде впечаток на пространост и пријатен амбиент.

• Главното светло, т.е. осветлувањето на таванот (лустер или висечко светло, плафоњерка или рефлекторот) треба да биде поставено на тој начин што нема да создава преголеми сенки.

• Ѕидните светилки што фрлаат светлост кон таванот допринесуваат за попријатна атмосфера. Светлоста секогаш е во нијансата на бојата на ѕидот на кој е поставена.

• Ѕидните лампи поставете ги покрај парчиња на мебел кои нема да се поместуваат (камин и сл.).

• Зад фотелјата поставете подна лампа, која ќе фрла светлина кон таванот.

• За романтична атмосфера искористете ги ѕидните светла заедно со запалени свеќи.

• Сликите и постерите може да ги осветлите со нисковолтажни лампи со халоген-тунгстен сијалици кои се монтираат на рамот од сликата или на ѕидот, а даваат силно бел сноп на светлост по целата површина на сликата.

• Растенијата и скулптурите можат да се нагласат со лампи насочени нагоре со што да ја фрлаат сенката на ѕидот зад предметите, создавајќи драматична силуета на осветлениот објект.

• Шанкот може да се осветли од горе со индиректно светло или со низа на насочени светилки закачени така што изгледа како да „лебдат“ ниско над површината на шанкот Полиците со кристал и чаши можат да се истакнат со употреба на два приспособливи извори на осветлување со халоген-тунгстен светилки. Положбата на светилките треба да биде таква што нивната бела светлина да се прекршува на кристалните површини.

• Телевизорот и компјутерот бараат светло со низок интензитет, кое нема да има отсјај и нема да го попречува гледањето. Изберете мини-рефлектори или флуоросцентни извори кои ќе го задоволуваат тој услов и поставете ги така што помеѓу нив и екранот да се наоѓа некаков заклон (на пример под полицата).

• За масичката во дневната соба потребно е јасно и изедначено осветлување од страна на извор поставен над неа. Тоа може да биде лустер со ниско поставен абажур или флуокомпактни сијалици сместени во непроѕирните цевка кои би ја насочувала светлоста во еден правец. Можно е и да се постават две такви светилки – по една над секоја половина на масата.

Доколку барате модерно осветлување за вашиот дом или деловен простор, најдобрите брендови во осветлувањето можете да ги најдете во „Стил лајт’. Тие се стационирани на Бул.Трета Македонска Бригада 476/3 Скопје, а нивниот телефонски број за контакт е 02/2456-539.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.