Жените често грешат кога од мажите го бараат невозможното: Војната со свекрвата е најглупавото нешто!

Бидете итри!

Не забранувајте му да се дружи со пријателите

Девојките обожаваат да си играат игри со мажите и да го покажуваат своето „јас“. Меѓутоа, жените знаат да претеруваат со своите барања, а постојат граници што не треба да се преминуваат.

„Мораш да ми бидеш најдобар пријател“

Прво, никој никому ништо не должи. Второ, да сакал да ви биде пријател, не би спиел во истиот кревет со вас. Трето, мажот без разлика колку ве разбира – не е ваш најдобар пријател. Никој не вели дека тој нема да биде тука за вас, да ве слуша и да ви помага во тешки времиња, но не може со часови да слуша што сакате да купите, да облечете или каков ви е шефот.

За мажите важи едноставно правило: ако не им се допаѓа нешто, веднаш го менуваат. Ако морате да разговарате за некоја поженска тема, јавете се на мајка ви, сестра ви или пријателките.

„Престани да гледаш по жени!“

А зар вие не гледате во други мажи? На пример, во вежбалница или кафуле кога на соседната маса седи некој згоден маж. Ако сте во врска, тоа не значи дека умрел вашиот интерес за спротивниот пол, кој е својствен за човечката природа.

„Не комуницирај со твоите пријатели“

Зошто воопшто би барале од мажот да ги напушти своите пријатели поради вас? Ако не ви се допаѓаат вас, тоа не е аргумент. Не морате да комуницирате со нив, но немате право нему да му забраните комуникација. Вам ви требаат ручеци со пријателките во недела, нему му се потребни дружења со пријателите во петок во бар. Сето тоа е фер.

„Мајка ти нема да доаѓа веќе кај нас“

Војната со свекрвата е најлоша од се’. Само мирно разговарајте со него и најдете компромис. Може да се гледате на неутрална територија. Ако не можете да ја поднесете мајка му, немојте тоа гласно да го покажувате, ниту отворено. Таа му е најблиска, па ќе му биде многу непријатно. Бидете итри: испуштајте ги средбите со родителите со некој добар изговор или „случајно“ пропуштајте ги нејзините повици.

„Нема да имаме секс, се’ додека ти…“

Ништо нема да постигнете со оваа „мотивација“. За почеток, мажите не се толку примитивни па да не можат да се контролираат. Покрај тоа, ова однесување многу потсетува на уцена (непријатно е и неискрено) или на услуга: ми даваш производ, а јас тебе моето тело. Баш така звучи, зар не?

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.