Сексолог вели: „Дозволете им на мажите да гледаат порно филмови и нема да ве изневеруваат“

Совет од експерт

Австралискиот сексолог Надија Бокоди тврди дека допуштањето маж да гледа порно филмови или да оди во стриптиз клуб ќе ја намали желбата да изневерува.

Таа ги предупреди жените да не се однесуваат како полицајци во врските.

„Кога стапив во брак пред повеќе од една деценија, јас бев многу јасна за правилата за тоа како треба да се однесува мојот сопруг. Јас контролирав сè што тој прави. Но, тоа не беше добро“, рече таа.

Тие честопати се карале, а после кавгата настанала напната тишина која таа неуспешно се обидела да ја ублажи.

Надија утврди дека контролата на партнерот што да прави и што да не прави, може да доведе до пропаѓање на врската. Таа истакна да сме научени на вистинската љубов значи да се биде насочена кон само една личност, но дека гледањето порно филмови или стрип-шоуа не значи дека љубовта е помалку силна. Надија тврди дека заљубувањето не значи дека станувате асексуални, и додека е природно да се чувствувате љубоморни кога партнерот гледа во привлечна личност, тоа не значи дека треба да реагирате на тоа.

Таа рече дека нејзината сегашна врска не е изградена врз недоверба.

„Моето момче не бара моја дозвола да оди во стриптиз клуб и не ја крие порнографијата на неговиот мобилен телефон“, рече Надија, заклучувајќи: „Помалку е веројатно дека партнерот ќе побара нешто или ќе се побуни ако не го ограничите“, заклучи таа.

Прочитајте и: Секс и патување: Сè за популарните пози практикувани во Унгарија, Шпанија и Индија

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.