Посни полнети пиперки: Оброк што ќе ве држи сити цел ден!

Стар рецепт

Хранлив ручек за целото семејство

Состојки:
  • 7 пиперки
  • 100 г ориз
  • 4 лажици сечкани ореви
  • 1 морков
  • 1 главица кромид или праз
  • 1 поголем домат
  • 100 мл варен домат
  • сув зачин и сол
  • 3 чешниња лук
  • мелен црвен пипер
  • бибер
  • масло
Приготвување:

На масло пропржете сечкан кромид и морков, додајте лук, црвен пипер, измиен ориз со ореви и сето тоа пропржете го малку. Додајте сол и малку зачини по желба, бибер.

Измијте ги пиперките и извадете ги семките. Садот за печење подмачкајте го со масло, наполнете ги пиперките и наредете ги. Затворете ги со резанки домат.

Преостанатите домати ставете ги помеѓу пиперките. Прелејте со доматен сос и сипете малку вода. Покријте со капак или со фолија. Печете на 220 степени околу еден час.

Пиперки полнети со сланина, сирење и кашкавал: Гурмански оброк за целото семејство!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.