6 места во домот кои се најдобри за криење пари: Никому нема да му падне на памет да ги бара овде!

Ако се плашите од крадци...

Фото: Unsplash

Прескокнете ги очигледните места и сочувајте ја својата заштеда од крадци

Многу луѓе и ден денес претпочитаат да ги чуваат парите дома, а не во банка, но се плашат дека во случај на грабеж, би можеле да останат без својата заштеда.

За да не дојде до тоа, секако дека не би требало да ги чувате парите на очигледни места, како што се фиоки, плакари, посебни паричници во плакарот или во впечатливи касички.

Ви претставуваме 6 феноменални места на кои можете да ги сокриете парите во домот – овде никој никогаш не би ги барал!

1. Аквариум со рипчиња

Свиткајте ги банкнотите и спакувајте ги во мала стаклена тегла, добро затворете ја и сокријте ги во бротчето или во некој друг украс што го имате во аквариумот. Ако може да ја собере, можете да ја скриете и кај филтерот за вода.

2. Батериска ламба

Извадете ги батериите и на нивно место сместете ги парите. Уште подобро – облепете ја ламбата со селотејп за да изгледа како ламбата да е разлабавена во тој дел, па сте ја прицврстиле со леплива лента.

3. Детска играчка

Ако имате деца и многу играчки, ова е одличен избор. Ако немате, сомнителната играчка ќе го привлече вниманието на крадците и ќе биде прегледана. Најдобар избор се музичките плишени играчки – ако крадецот ја прегледува играчката, ќе се вклучи звук и тоа веднаш ќе го исплаши, а нема да успее да го чуе шушкањето на банкнотите.

4. Куќичка за кучиња

Ретко кој крадец би се сетил да ја подигне куќичката за куче и да погледне дали тука можеби има пари. Само погрижете се парите да бидат убаво спакувани, заштитени и затрупани со земја.

5. Стари патики

Ретко кој ќе ѕирне во пар распаднати и валкани патики, особено ако имате многу обувки.

6. Клопка со волна и со конци

Свитканите банкноти лесно можете да ги ставите во клопка волна, а ретко кој ќе ги побара таму. За да го направите местото што е можно помалку сомнително, додајте и конци, ножици, игли за плетење…

Не паѓајте во стапицата! Експертите за финансии ве советуваат како да ја надминете паричната криза
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.