Не паѓајте во стапицата! Експертите за финансии ве советуваат како да ја надминете паричната криза

ФОТО: Pixabay

Кога вашата материјална ситуација ненадејно ќе се влоши, поради вонредните трошоци или губење на работата, вие веднаш паничите?

Постојат неколку ситуации што се еднакво стресни – неочекуван финансиски крах, губење на работата и неможност за враќање на долговите. Иако паниката и чувството на беспомошност се вообичаени реакции во тој случај, често тие се и вовед во недоволно промислени активности, па дури и во продлабочување на постојните проблеми со вашите финансии.

Кога станува збор за парите, многу луѓе реагираат исто како и кога станува збор за храната – или прекумерно ги трошат или, пак, целосно апстинираат.

Намалувањето на трошоците е разумен потег, бидејќи зошто би трошел повеќе оној што е загрижен за својата финансиска состојба, нели? Сепак, кога пред две години Сара (41) ја загубила работата како маркетинг-менаџерка во една фирма, вели дека се однесувала токму така – нерационално.

Веднаш по отказот, отидов и купив куп работи од кои, реално, немав потреба – прескапа козметика, брендирани патики, дури и нов лаптоп. Во тој миг размислував вака: ‘Наскоро нема да можам да купувам, па подобро сега да се снабдам со сè додека имам одреден фонд пари.’ Се разбира, наскоро добив дополнително бреме – празна сметка во банка – кое долго време го носев на плеќите.“

Од друга страна, пак, и преголемото стегање на ќесето, поради стравот од недостиг од пари во перспектива, исто така претставува дополнителен стрес.

За да ги избегнете овие два екстремни облици на однесување, може да ви помогне добро осмислен план. Кога пред себе имате трасиран пат, тогаш шансите да потклекнете пред негативните емоции, како што се стравот или чувството на беспомошност, кои се контрапродуктивни, се многу помали.

Замоливме неколку стручњаци за финансии да ни предложат чекори за враќање на вистинската патека по соочувањето со неочекувани финансиски проблеми.

1 Направете (реална) процена на личната ситуација

Најважен е првиот чекор – прифаќање на моменталната состојба на рационален начин. Многу е важно да не се обвинувате за нештата што можеби можевте или требаше да ги направите за да го спречите проблемот. Такви сте какви што сте. Колку побрзо се прифатите себеси, побрзо ќе најдете начин да си помогнете.

Кога ќе се прифатите себеси и ситуацијата во која се наоѓате, преминете на анализа на деталите. Кога ќе останеме без работа, инстинктивна реакција ни е да ги намалиме трошоците или за кратко време да најдеме дополнителен извор на приходи – што секако ќе ни биде потребно во перспектива, но постои нешто што треба да направите претходно.

Прво разгледајте го сето она на што имате законско право по отпуштањето од работа, пред сè дали и колку време имате право на надомест преку фондот за вработување како невработено лице. Ако ве загрижува пошироката слика, како што е економската криза, утврдете на кој начин би можела да се одрази врз вас.

Голем број луѓе паничат поради светската економска криза, но откако ќе седнат и ќе размислат подлабоко, сфаќаат дека тоа сепак нема значително да се одрази врз нивните финансии.

Кога ќе стекнете јасна слика за проблемот со кој се соочувате во моментот и ќе изградите конструкција за подолгорочно обезбедување на материјалната егзистенција, ќе можете да се однесувате врз основа на информациите со кои располагате, а не стравот што го чувствувате.

Текстот продолжува на следната страница…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.