Не паѓајте во стапицата! Експертите за финансии ве советуваат како да ја надминете паричната криза

ФОТО: Pixabay

Кога вашата материјална ситуација ненадејно ќе се влоши, поради вонредните трошоци или губење на работата, вие веднаш паничите?

2 Анализирајте ги своите трошоци

Следен чекор е да утврдите на што точно трошите пари – како и да одредите на што можете, а на што не можете да заштедите. Ова не е најинтересната задача, но многу е важно да направите попис на сите трошоци и да ги групирате во три категории: задолжителни, подложни на корекции и незадолжителни.

Во првата категорија спаѓаат работите што се приоритетни (кредит, кирија, јавни услуги, осигурување по разни основи, одржување на автомобилот и храна).

Следната категорија ги опфаќа трошоците од кои можеме да се откажеме со корекција на навиките, како што се членска карта за фитнес-центар или кабелска телевизија. Во третата категорија се работите од кои можеме лесно да се откажеме, како што е купувањето облека и обувки.

Прецизниот список на месечните трошоци е најдобар увид во реалните расходи. Се разбира, мора да бидете сосема искрени кон себе во контекст на задолжителните месечни трошоци. Повеќето луѓе живеат во рамките на своите реални финансии кога станува збор за основните животни трошоци.

Проблемот е во дискрециското трошење. Луѓето обично ги потценуваат трошоците за посета на ресторани и козметички салони. Затоа, за да составите реален буџет, земете ги извештаите за салдото во банка за последните три месеци и анализирајте ги прецизно. Тоа е најдобар начин јасно да согледате на што трошите и што би можеле веднаш да отстраните од списокот на трошоците.

3 Формирајте го буџетот

По деталното утврдување на неопходните месечни трошоци, време е да одредите колку долго можете да живеете со средствата со кои располагате и, ако е потребно, дополнително да ги намалите трошоците. Врз основа на запишаните трошоци, обидете се квантитативно да го одредите она што ви е навистина неопходно секој месец.

Наместо да го сечете буџетот, изменете го концептот и формирајте нов буџет. Значи, тргнете од нула и прецизно додајте го она што ви е неопходно за нормален здрав живот. Станува збор за позитивно ментално ресетирање; исклучувањето на трошоците има негативно влијание, а нивното ставање на списокот дава чувство на контрола и оптимизам.

Сосема очекувано, категоријата на задолжителни работи треба прва да се најде на вашиот список. Кога ќе дојдат на ред другите две категории, размислете за опциите што можете да ги добиете бесплатно. На пример, можеби ќе треба да се откажете од скапата членарина во фитнес-клубот, но тоа не значи дека морате да се откажете од рекреирањето или од некои онлајн-услуги.

Голем број апликации, или други типови услуга, нудат бесплатни пробни периоди. Искористете го тоа. Откако прецизно ќе ги утврдите своите трошоци, време е да процените колку долго можете да издржите така доколку вашата финансиска ситуација остане непроменета.

Тука треба да ги вклучите и сите видови заштеди. Се разбира, идеално би било да остварите дополнителен прилив на приходи пред да почнете да ја трошите заштедата, но сознанието колку е долг периодот за време на кој не ви се апсолутно неопходни нови примања ќе ви даде реален увид во најлошото можно сценарио – за секој случај.

4 Подмирете ги сите задолжителни долгови

Неплаќањето на задолжителните сметки и рати од кредитот е вовед во уште поголема финансиска криза поради пеналите и високите камати. Затоа, избегнете го тоа! Некои банки даваат поволности за исплата на долговите, па затоа е многу важно да контактирате со нив и да им ја објасните својата ситуација.

Голем број компании што позајмуваат пари претпочитаат да бидат исплатени навреме, па макар и во помал износ или на поголем број рати отколку да не добијат ништо.

Јавете се во банката чии кредитни/дебитни картички ги користите и информирајте се дали постои можност за намалување на стапката на интерес или за минимална месечна исплата на неколку месеци. Уште една можност е да земете кредитна картичка со иницијална стапка од 0%.

Предноста на овој тип картички е што можат да го амортизираат ефектот на драстични промени на финансиската состојба. Предупредување: внимателно прочитајте ги договорот и условите за користење, бидејќи често во нив се наоѓаат „скриени“ трошоци за трансфер на фондовите или високи каматни стапки по крајот на грејс-периодот.

Ако должите голема сума пари, јавете се во банката и распрашајте се дали постои можност за креирање реален план на отплата. Кажете им дека, доколку биде заемна соработката, ќе им ги вратите парите во кеш, со што тие би го избегнале трошокот за трансфер преку кредитната картичка. Обично, тоа е доволно да ја постигнете целта.

Плаќањето на сметките не е единственото поле за преговори. На пример, ако имате личен фитнес-тренер или плаќате приватни часови по странски јазик за своето дете, прашајте дали би можеле да ја намалат цената. Можеби ќе се согласат да го скратат тренингот или часот за помалку пари.

5 Истражете и други облици на помош

Сосема е извесно да постојат одредени програми за помош на невработените или на оние што западнале во финансиска криза. Бирото за вработување обично дава паричен надомест под одредени услови, како и програми за едукација и преквалификација. Пред да преземете нешто во таа насока, најважно е добро да се информирате за сите можности за решавање на проблемот.

6 Секоја приказна има убава страна

Имајте секогаш на ум дека оваа фаза во вашиот живот ќе помине. Можно е за време на кризата да ја запознаете подобрата страна на својата личност, да откриете некои лични таленти и склоности, како и нови можности за напредок. Кога сте принудени добро да ги анализирате своите финансии и да утврдите што ви е реално потребно или не, тоа ќе ви помогне да сфатите што ве прави среќни.

По стабилизирањето на финансиската состојба, големи се шансите да осознаете дека сега многу повеќе ги цените задоволствата од кои се откажавте привремено – како што се посетите на ресторани и на козметички салони. Повеќето луѓе се чувствуваат посилно и посамоуверено по надминувањето на личната финансиска криза.

Станува збор за искуство што претставува трајно вложување во личниот потенцијал и предиспонира за надминување слични ситуации во иднина. Зошто? Затоа што ќе знаете точно што да правите тогаш.

Текст: Наташа Човиновска

Фото: Getty Images, Unsplash, Pixabay

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.