Билка со неверојатни лековити својства: Разбива камен во бубрег, ги топи килограмите и го зајакнува имунитетот!

Моќна билка

Долг е списокот на болести што ги лекува оваа билка

Природата ги крие најдобрите лекови и решенија за многу болести. Токму еден таков моќен лек е и белиот слез. Чајот од оваа билка прави чуда за организмот и затоа со децении се користи во традиционалната медицина.

Белиот слез е повеќегодишна ароматична билка која расте во влажните предели на Европа, Африка и западна Азија.

Чајот од бел слез содржи многу лековити својства и може да помогне во лечењето разни болести. Листовите бел слез содржат етерични масла, танини, феноли и слуз, додека во коренот на белиот слез има и кверцетини, авоноиди и шеќери.

Најефикасен е за лекувањето уринарни инфекции и за разбивање камен во бубрег. Благодарение на своите антиоксидативни својства, чајот од бел слез е добар за зајакнување на имунитетот и за борба против вируси и бактерии.

Исто така, ја ублажува болката во грло, иритациите и воспаленијата на слузокожата на устата и во усната празнина. Со оглед на тоа што содржи голема количина на билна слуз, чајот од бел слез е добар лек за сува кашлица и за други респираторни проблеми. Има способност да ја смирува иритираната слузница и да го разградува секретот што предизвикува кашлање.

Исто така, овој чај е добар за варење и за лекување воспаленија на дигестивниот тракт. Чајот од бел слез ја регулира дигестијата и го забрзува метаболизмот. На тој начин, помага за губење килограми, а истовремено дава и чувство на ситост.

Докажано е дека чајот од бел слез може да лекува и воспаление на слузокожата на желудникот, особено во комбинација со камилица. Исто така, може да лекува воспаление на дебелото црево, дијареја и повраќање.

Може да се користи и за надворешна употреба во форма на облоги за лекување чиреви на кожата, изгореници и иритирани очи.

Коренот од бел слез е најлековитиот дел од билката, а најдобар чај се прави од коренот на млада билка. По берењето, би требало да го излупите за да не го нападнат разни габички, кои ги уништуваат лековитите дејства. По лупењето се суши и дури тогаш е спремен за правење чај или сируп.

Приготвување чај:

Чајот од слез се приготвува и се пие поинаку од другите чаеви, бидејќи со погрешна подготовка ги губи лековитите својства.

Ова е правилниот начин на приготвување: Прелејте 2 лажици корен од бел слез со 2,5 дл млака или ладна вода и оставете го барем 1 час, идеално 2 часа, за да се создаде доволно слуз. Потоа, загрејте го малку, додајте малку мед и пијте го три пати на ден.

Покрај оваа билка ниту еден лек нема да ви биде потребен: Лекува гастритис, ја чисти крвта и штити од срцеви болести!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.