Памук-погача: Меко и воздушесто тесто што се прави неверојатно лесно!

Мора да пробате!

Ќе ве воодушеви со мекиот и воздушест вкус, но и со неверојатно брзата подготовка

Состојки:
  • 300 мл млеко
  • 100 г путер
  • 1 лажица шеќер
  • 1 лажица сол
  • 10 г сув квасец
  • 5 г или 1 лажиче прашок за печиво
  • 2 јајца
  • 2-3 лажици масло
  • околу 800 г меко брашно
Приготвување:

Издвојте ги јајцата од жолчките, па прелејте ги со лажица млеко, додека остатокот од млекото го загреваме, а путерот го топиме. Жолчката и лажицата млеко оставете ги за подоцна. Во топлото млеко ставете квасец и шеќер, па промешајте.

Додајте малку брашно, како за две полни дланки, па додајте жолчки и белки, стопен путер, сол и прашок за печиво. Сето тоа добро измешајте го со маталка. Повторно додајте брашно, па сето тоа добро измешајте го.

Додавајте брашно по малку, па тестото мешајте го или месете го. Кога ќе стане доволно тврдо, замесете го со рака. На крајот од месењето треба да ви остане околу 50 г брашно. Тестото треба да е меко и по малку лепливо за раце.

Прелејте го со половина од маслото, превртете го, ставете ги рабовите во средина, па повторно превртете го, покријте го со крпа и оставете го на топло место еден час (може и подолго) да стасува.

Нараснатото тесто премесете го на работна површина, посипете од преостанатото брашно, не целото, онолку колку да не се залепи тестото за површината на која го месите.

Обликувајте го тестото во круг, па притискајте го со раце за да се израмни. Префрлете го во плех со пречник од 28 до 38 см, во кој сте ставила хартија за печење или сте го намрсиле, па дополнително со рака обликувајте го тестото во круг и убаво израмнете го. Потопете ги врвовите од прстите во преостанатото масло, па направете раб од 1-2 см на тестото, од краевите на тестото во круг. Потоа, со врвовите од прстите повторно поделете го тестото во триаголници.

Покријте го со крпа и оставете го да отстои 30 минути, вклучете ја рерната, па оставете ја погачата уште толку време додека се загрее рерната. Кога ќе се загрее рерната, изматете ја оставената жолчка со млекото, па премачкајте ја целата погача. По желба, посипете семки.

Печете околу 25 минути во претходно загреана рерна на 200 степени Целзиусови.

Полнета погача мека како памук: Тесто што ја теши душата!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.