Истражување за сексот откри колку мажите се впуштаат во сексуален однос заради емоциите

Кога во повеќето случаи мислиме на секс, мислиме на страст и похота. Но, ова не се единствените причини зошто паровите имаат секс. Според една студија објавена во февруари 2020 година, има голем број други причини зошто се залагаме за жешки игри под чаршафите.

За целите на ова истражување, ElitePartner анкетирала дури 4.000 учесници кои се во љубовна врска и ги прашала кои се сите причини за секс. Резултатите се навистина интересни.

Околу 62% од жените изјавуваат дека страста е најчеста причина за секс, а 67% од мажите ја наведуваат истата причина. Околу 58% од партнерите велат дека физичката привлечност е причината што уживаат меѓу чаршафите.

Дека сексот не е само страст и физичката привлечност го покажува фактот дека 58% од партнерите изјавиле дека нивната емоционална врска исто така игра голема улога. Околу 61% од жените и 57% од мажите изјавуваат дека сексот е важен чин за нив заради нивното чувство за поврзаност. И на емотивно ниво.

Кој иницира секс?

Оваа студија исто така покажа дека 52% од мажите иницираат секс затоа што сакаат да ја разгалат својата партнерка. Само 46% од жените изјавиле дека имаат секс за да го задоволат својот партнер. Но, од друга страна, 34% од жените истакнаа дека го заведуваат партнерот за да се чувствуваат привлечни и пожелни. Мажите се во малцинство овде – само 25% укажаа на оваа ставка.

Интересно е што и жените и мажите често знаат да имаат секс само за да го израдуваат својот партнер. Така, 46% од жените и 49% од мажите изјавиле дека знаат редовно да имаат секс затоа што тоа го сака другиот партнер.

Секс против стресот?

Додека поединци не можат да имаат секс ако не се смирени, други го користат сексот како излез. 23% од мажите и 19% од жените истакнаа дека сексот е одличен за нив во борбата против стресот.

И тоа често може да биде причина за среќно да се префрлат од каучот во спалната соба. Интересно е да се напомене дека високообразованиот персонал почесто ја наведува борбата против стресот како причина за секс.

Страст, похота, емоции, анти-стресна терапија – која е вашата причина за секс?

Прочитајте и: Некои луѓе се предодредени да бидат прељубници…

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.