6 намирници што треба да ги одбегнувате како чума: Опасен ризик по здравјето!

Можат да бидат носители на опасни бактерии

Преку нив можеме да се заразиме со смртоносни бактерии

Адвокатот Бил Марлел поминал 20 години водејќи парници за отштета поради труење со храна. Познат е по тоа што во кариерата се изборил за дури 600 милиони долари отштета во корист на клиентите кои благо, потешко или фатално настрадале од неисправна храна. Тој вели дека некои ризици не се исплатат и од искуството на неговите клиенти никогаш не ги јаде следниве 6 намирници…

1. Сирови школки

Марлел вели дека последниве пет години видел повеќе труења со школки одошто во последните две децении. Причината е начинот на кој школките се хранат. Тие ја филтрираат водата, па ако во неа има некои бактерии, ќе ги филтрираат и нив. А ако останат тие во неа, па ако школката е сирова и уште бактеријата пробие во дигестивниот систем на човекот, може да дојде до труење. Со климатските промени и сè потоплата вода, Марлел вели дека ваквите случаи се сè почести.

2. Сирови или недоволно сварени јајца

Секогаш кога ќе дојде до епидемија на салмонела, глетката е ужасна, луѓето ужасно се мачат, а некои не ни преживуваат. Во епидемијата од 2010 пријавени се 2.000 заболени луѓе. Марлел смета дека опасноста денес е многу помала одошто во 90-те, но тој јаде исклучиво добро испржени јајца или добро сварени.

3. Однапред измиена или сечкана салата или овошје

Оваа категорија Марлел ја одбегнува како чума, бидејќи колку повеќе храната се обработува, сечка, што повеќе минува низ раце и машини, поголеми се шансите дека ќе „собере“ нешто. Тој купува неизмиено, недопрено овошје и зеленчук, во мали количини, што ќе го изедете за три или четири дена најмногу. Тоа го прави со цел да го намали ризикот од листерија, смртоносна бактерија која се развива на температури од фрижидер.

4. Крваво месо

Сите стекови што ги јадел во последниве 20 години биле добро печени. И тоа затоа што секоја бактерија што инаку се наоѓа на површината на стекот кој однатре е крвав, многу веројатно е дека успеала да продре и подлабоко. Вака се зголемува ризикот од ешерихија коли и салмонела, но и многу други бактерии, тврди адвокатот.

5. Сирови никулци од семки

Незготвените или малку зготвените никулци се регистрирани како причина за повеќе од 30 големи бактериски епидемии во САД од средината на 90-те. Пред неколку години, една од нив ја искуси и Европа. Повторно станува збор најмногу за салмонела и ешерихија.

6. Непастеризирано млеко

Во САД, само од 1998 до 2011 година имало 148 епидемии на труење поврзани со употреба на непастеризирано млеко и производи од него. За каков голем ризик станува збор покажува и тоа што всушност многу малку луѓе пијат такво млеко, а истовремено имало многу заболени за релативно кратко време. Нешто помал ризик има во непастеризираниот сок. За Марлел не доаѓа предвид ни едното ни другото.

5 намирници што треба да ги одбегнувате по секоја цена: Не сте ни свесни колку му штетат на организмот!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.