Петте најголеми трендови на фризури што ќе ги носиме оваа есен

Инспирација

Летото полека минува низ прстите, а со своето одминување ни носи и испукана коса од сонцето и солта и неуредни фризури кои со нетрпение ги очекуваат квалификуваните фризери.

Ако не сте сигурни што да правите со летната фризура, не треба да се грижите затоа што имаме решение за тоа. Ви претставуваме пет фризури кои ќе ги носиме оваа есен. Од класични и редовни кратења, преку младешки непослушни фризури, до разиграно враќање во минатото – оваа листа ќе најде решение за сите жени.

„Шаг“ фризура

Најголемото предвидување на модните експерти ни кажува дека „Шаг“ фризурите, кои ја стекнале својата популарност во 70-тите, ќе се носат и оваа есен. Може да се прилагоди на пократка и подолга коса. Нејзината предност е тоа што е лесно да се одржи и дава гламурозен изглед и волумен без многу напор.

https://www.instagram.com/p/CDtyECxlbdX/?utm_source=ig_embed

Шишки

Без разлика дали станува збор за правилни, рамни шишки или неуредни оние што ги оставаме настрана – есента е дефинитивно сезоната во која шишките ќе се вратат во мода. Ако долго време размислувате за шишки, ова е вистинското време за вас. Најпознат тренд за есен се шишките од 60-тите години, односно шишки во стилот на Брижит Бардо.

https://www.instagram.com/p/CB8m3gni9et/?utm_source=ig_embed

Краток боб

Кога станува збор за боб, ова е фризура која летото не ја заобиколи. Но, ова лето почесто носевме подолг, неуреден боб. Есента, од друга страна, носи пократки, прецизно исечени боб фризури и асиметрични боб фризури.

https://www.instagram.com/p/B-PACgAlYtt/?utm_source=ig_embed

„Пикси“

За оние кои сакаат промена и, некои би рекле, за оние кои се поголеми авантуристи кога станува збор за фризури – есента носи „Пикси“ фризура. Оваа есен, „Пикси“ ќе се носи со малку повеќе коса на самиот врв на главата за повеќе волумен.

https://www.instagram.com/p/CESOLNyH0J9/?utm_source=ig_embed

Подолг боб

Боб што достигнува до клучната коска е совршен избор за оние жени кои се плашат од пократка коса, а кои сè уште сакаат некаква промена. Клучот за оваа фризура е едноставен. Краевите се рамни, а косата е доволно долга за коњски реп и низа други фризури.

https://www.instagram.com/p/B8eZ9HuAoxe/?utm_source=ig_embed

Прочитајте и: Имаме решение за прекумерното опаѓање на косата

 

ФОТО: Unsplash

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.