За подобро расположение треба да ја консумирате оваа храна

Совети од експерти

Диетитичарката Сузи Бурел реши да им помогне на сите што се во полошо расположение. Имено, како што тврди таа, има пет намирници кои се особено корисни за енергија.

Одлична вест е дека ова се намирници што е дел од медитеранската диета, која со години е позната по најдобрата форма на исхрана и за нас е многу блиска.

Зеленчук со маслиново масло

Првото нешто што Сузи го препорачува е зеленчук од сите бои со екстра девственото маслиново масло.

„Не е важно дали е сиров, варен или исцеден, важно е да јадете многу од тоа. Брокулата, краставиците и морковите ќе ве заситат, затоа слободно јадете ги во поголема количина ако сте на диета“, вели таа.

Лосос

Следното нешто на списокот на оваа диететичарка е лососот, кој содржи здрави масти и витамин Д. Лосос, исто така, содржи масни киселини омега-3 кои не само што го креваат расположението, туку и го намалуваат крвниот притисок и го намалуваат ризикот од срцеви заболувања. Сузи советува дека, ако е можно, да јадете 100 грама лосос секој втор ден.

Јаткасти плодови

Јаткастите плодови се полни со протеини, здрави масти, селен и витамин Е. Секогаш кога сте во лошо расположение или сметате дека вашата енергија се намалува, јадете јаткасти плодови, но не повеќе од грст на ден.

Кисело тесто

Иако лебот од кисело тесто обично е поскап од обичниот, Сузи го препорачува заради здравствените придобивки што ги носи. Таа вели дека во киселината има хранливи материи кои го подобруваат расположението и здравјето на цревата. Јадењето на една парче таков леб со путер од кикиритки е рецепт за идеален почеток на денот.

Банани

Бананите се познати како овошје кое содржи многу калиум и Б витамини, но тие исто така имаат корисен ефект врз нивото на енергија.

„Освен овој фактор важен за менталното здравје, зелените, незрели банани имаат голем дел од пребиотични влакна кои помагаат да се задржи варењето здраво“, заклучи таа.

Прочитајте и: 4 совети за поздрави црева и дигестривен тракт

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.