4 совети за поздрави црева и дигестривен тракт

Што предложуваат експертите?

Земањето на пробиотик наутро, на празен стомак, е лесен начин за оптимизација на неговата ефикасност. Пијте го со чаша млака вода и во текот на денот хидрирајте се и со оброци…

Првите неколку десетина минути будење се важни за постигнување на здрава утринска рутина, што особено може да им помогне на цревата и нивната работа поголемиот дел од денот. Диетитичарите,во морето од совети кои ги даваат, ја сумираа најздравата рутина во четири чекори.

Пијте вода

Наместо да посегнете кон вашиот мобилен телефон наутро, посегнете кон чаша вода. Според диететичарката Џес Кординг, соодветната хидратација помага во одржување на движењето на храната низ дигестивниот тракт. Со други зборови, може да спречи запек. Се покажа дека водата на собна температура го забрзува варењето на храната.

За да се одржат оптимални нивоа на хидратација во текот на денот, Кординг препорачува да пиете чаша вода со секој оброк и една чаша помеѓу оброците.

Пробиотици

Додатоци на пробиотик можат да помогнат во управувањето со надуеност, непријатност во стомакот и варење. Земањето чаша вода наутро е лесен начин за поддршка и одржување на здравјето на цревата, што знаеме дека е важно за нашето расположение, варењето и имунитетот, вели диететичарката Меги Михалчик.

Една студија открила дека најверојатно, пробиотиците ќе бидат поефикасни ако ги земете на празен стомак или ако ги земате пред оброк, отколку ако ги земате после.

Управувајте со стресот

Поради поврзаноста помеѓу цревата и мозокот, стресот директно може да влијае на здравјето на цревата и на варењето .

„Стомакот не го нарекуваат нервозен залудно“, вели Кординг. Во утринските часови, направете список за работи што треба да се прават во текот на денот и држете се до него. Покрај тоа, можете да водите и дневник на благодарноста, медитација, јога или само да одвоите неколку минути за себе во тишина, за да можете полесно да управувате со своите чувства.

„Справувањето со хормоните на стрес може да помогне да се спречи уништувањето на умот и телото, вклучувајќи го и дигестивниот систем“, вели Кординг.

Јадете многу растителни влакна

Вредните хранливи материи играат многу важна улога кога станува збор за одржување на здраво ниво на шеќер во крвта, чувство на ситост и, се разбира, подобрување на варењето на храната. Додавањето од 7 до 10 грама влакна во појадокот мора да биде приоритет, вели Кординг. Храната со растителни влакна не е преработена, како бел леб, и ако ви треба инспирација, Кординг советува да направите мешавина од зеленчук и јајца или кашест сок со зеленчук, авокадо, половина замрзната банана и чиа.

Прочитајте и: Знаци кои укажуваат на тоа дека вашиот имунитет е ослабен

 

ФОТО: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.