Знаци дека сте премногу зависни од партнерот

Дали и вие ги имате овие навики?

Фото: Getty Images

Природно и нормално е што со текот на времето, партнерите стануваат најдобри пријатели кои можат целосно да се потпираат едни на други.

Но, додека поддршката од партнерот е една од најважните елементи во врската, тоа не значи дека луѓето во врска не треба да бидат независни. Постојат многу докази дека луѓето кои не се независни и кои сами не наоѓаат поддршка не можат да бидат добри партнери.

Во случај на прекумерна зависност, љубовната афера се претвора во токсична врска за која многумина не се свесни. Ова се некои од знаците дека премногу сте зависни од партнерот.

Не се гледате со пријателите

Почетоците на врската скоро секогаш значат оддалечување од пријателите. Ова е совршено нормално затоа што само се запознавате. Но, ова во никој случај не треба да се пролонгира, ниту пак треба да станете личност што ги запоставува своите пријатели, семејство и живот надвор од врската во целина заради врската.

Ги запоставивте вашите хоби и не правите ништо самостојно

Ако ги запоставувате работите што ве прават среќни и активности што порано ги правевте сами заради партнерот, тоа е знак дека сте во нездрава врска. Секој партнер треба да има време за себе и да прави работи само за свое задоволство и среќа.

Барате одобрување за сè

Договорот и компромисот се големи и важни делови од врската. Сосема е нормално да се согласите со вашиот партнер за важни потези и планови за иднината. Но, ако барате одобрување од вашиот партнер за мали нешта како излегување на кафе со пријателите, треба да знаете дека сте премногу зависни од него.

Не се чувствувате добро кога сте разделени

Недостасувањето е нормално за подолго и ненадејно растојание од партнерот и за отсуството на партнерот во важни животни моменти. Но, некои луѓе се чувствуваат тажни и нервозни веднаш откако ќе се разделат со партнерот или во моменти кога партнерот поминува време со други луѓе. Ако се чувствувате вознемирени во моментите на кратко разделување или по самата помисла дека вашиот партнер ќе замине некаде без вас, треба да работите на сопствената независност и доверба.

Врската е вашиот единствен извор на среќа

Врската и партнерот не треба да бидат единствениот извор на среќа. Ако тоа е случај и ако не успеете да најдете задоволство во други области од животот, тоа е знак дека сте незадоволни од самите себе. За да станете понезависни и среќни без ничија помош, работете на самодоверба и на тоа да се сакате и прифаќате себеси.

Прочитајте и: Дали знаете кога бракот станува „вистинска работа“?

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.