Дали знаете кога бракот станува „вистинска работа“?

Истражување открива

Бракот навистина не е најсреќен на почетокот, колку и да ви изгледа така – американските научници тврдат дека се потребни околу 20 години за работите да си дојдат на свое место…

Студијата анализирала податоци од над 2.000 мажени лица и заклучила дека задоволството од брачниот партнер опаѓа во првите 20 години, по што се стабилизира и почнува да расте.

„Иако разводот денес е многу чест, половина од сите бракови траат засекогаш. Долгорочната прогноза за ваквите бракови е оптимистична затоа што нивото на среќа и задоволство се зголемува, а незадоволството опаѓа“, вели еден од водачите на студијата од Универзитетот во Пенсилванија, Пол Амато.

Сер Пол Колериџ од Фондацијата за брак вели дека „луѓето сакаат стабилен и задоволувачки моногамски однос. Ако ги преживеат сите предизвици што животот ги носи заедно, тие можат да го добијат тоа“.

Причината за оваа нагорна траекторија на брачна среќа лежи во тоа што партнерите после толку години заедно наоѓаат подлабоки нивоа на приврзаност што доведува до поголемо уживање во друштво на нивната подобра половина.

Според сите извештаи, тајната за успешен брак е да бидете трпеливи со вашиот животен партнер… затоа што на крајот ќе се исплати многу пати.

Прочитајте и: Не ги игнорирајте знаците што укажуваат на прекин на врската

 

ФОТО: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.