Знаци кои укажуваат на тоа дека вашиот имунитет е ослабен

Бидете внимателни

Зајакнувањето на имунитетот отсекогаш било важна тема и нешто на што треба да работи секој човек. Со пандемијата на коронавирус, оваа тема стана уште поважна.

На падот на имунитетот влијаат многу фактори, а некои од нив се стрес, несоница, нездрава храна, начин на живот и хронични и автоимуни заболувања. Сите овие фактори можат да доведат до физички и ментални тешкотии, кои не се јасно забележливи на самиот почеток. Ви донесуваме осум знаци на намален имунитет според експертите.

Чести појави на грип и настинки

Експертите велат дека е нормално возрасните да имаат грип или настинка два до три пати годишно, со период на опоравување од седум до десет дена. Ако сте болни повеќе од три пати годишно и ако периодот на опоравување трае подолго, тоа значи дека вашето тело се бори и е ослабено.

Несоница

Спиењето е многу важно за нормално функционирање на телото и добар имунитет. Мелатонин, хормон што телото го ослободува кога ќе станете поспани, го стимулира производството на цитокини кои ги активираат клетките за борба против инфекции. Бидете сигурни дека спиете помеѓу седум и девет часа секоја вечер.

Стрес

Стресна состојба на работа, премногу работни часови, недостаток на сон и одмор и лични проблеми што ве мачат можат да бидат причина за хроничен стрес што го нарушува имунитетот. Стресот го намалува нивото на антитела на IgA, чиј недостаток може да предизвика повторна појава на инфекции и во тешки случаи автоимуна болест.

Депресија или ненадејно губење на блиска личност 

Депресијата не е само болест која влијае на психичкото и менталното здравје. Исто така, може да влијае на физичкото здравје, а со тоа и на имунитетот на една личност. Исто така, истражувањето покажа дека луѓето што губат сакани имаат значително ослабена крвна слика.

Дијареа и други дигестивни проблеми

Хроничната дијареја е показател за нарушен имунолошки систем. Можно е тоа да е предизвикано од инфекција, микробиомска нерамнотежа или паразит. Проблемите со дигестивниот тракт се многу опасни затоа што обично значат дека организмот не апсорбира доволно хранливи материи и сето тоа може да доведе до пад на имунитетот.

Нездрава храна

Нездравата храна, која вклучува големи количини јаглени хидрати и шеќери, во никој случај не е добра за здравјето на луѓето. Покрај тоа што го зголемува ризикот од дијабетес и кардиоваскуларни заболувања, таквата храна може да биде причина за дебелина.

ФОТО: Unsplash

Воспалена кожа

Акни, црвенило, габични и бактериски инфекции, егзема и алергии се само некои од начините на кои кожата ви кажува дека треба да работите на зајакнување на вашиот имунитет. Не ги игнорирајте ваквите знаци.

Преголема консумација на алкохол

Ако забележавте дека е зголемен внесот на алкохол, размислете што го предизвикува тоа. Дури и ако не сте алкохоличар и сте редовни во пиење алкохолни пијалаци, треба да знаете дека алкохолот може многу лошо да влијае на имунитетот со намалување на нивото на белите крвни зрнца.

Наведените знаци на намален имунитет честопати можат да бидат поврзани. На пример, ако не спиете доволно и имате зафатена работна недела, веројатно ќе бидете под стрес. За да избегнете пад на имунитетот предизвикан од горенаведеното, работете на зајакнување на вашиот имунитет.

  • Спијте помеѓу седум и девет часот
  • Намалете го стресот со јога, правилни техники на дишење или медитација
  • Бидете физички активни, тренирајте
  • Гледајте што јадете и пиете, ручекот нека биде вашиот најобилен оброк во денот
  • Земете додатоци; витамин Ц, Д, цинк, магнезиум и пробиотици
  • Пијте многу течности, особено вода и чај и, ако навистина сакате, природни сокови
  • Намалете го внесот на алкохол
  • Грижете се за хроничните заболувања ако ги имате.

Прочитајте и: Овие намирници помагаат при несоница и депресија и го будат либидото

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.