3 причини зошто треба да користите вибратор за време на секс со партнерот

Нова возбуда

Веќе подолго време не сметаме дека вибраторите се користат исклучиво за мастурбација. Многу партнери употребуваат вибратори и други секс-играчки за време на сексот.

Факт е дека употребата на вибратори го подобрува сексот, па затоа сѐ повеќе е одобрен од обете страни. Ако се плашите од она што ќе ви го каже вашиот партнер ако му споменете дополнителни помагала во креветот, не грижете се. Секој маж кој сака неговата партнерка навистина да ужива во сексот, ќе ги разбере нејзините намери и желба. Еве три причини зошто треба да пробате.

Намалување на притисокот кој настанува околу оргазмот

На многу жени, за жал, им е тешко или воопшто не доживуваат оргазам. Ова често прави притисок врз двајцата партнери, а резултатот е дека сексот не бил толку добар како што можел да биде. За да се ослободите од таквиот притисок, користете вибратор. Оргазмот е загарантиран и би се осмелиле да кажеме дека можете да очекувате повеќе од еден.

Истражувањата го зголемуваат либидото

Користењето сексуални гаџети и играчки ќе ја зголеми желбата за секс кај двајцата партнери. Како и сите нови работи, и користењето вибратор ќе ги разгори страстите, ќе ве натера да истражувате, да откривате нови пози и да ги оживувате фантазиите за кои не сте ни знаеле дека постојат во вас. Користејќи вибратор, сигурни сме дека ќе предизвика искри во вашиот кревет.

Поврзување на ново ниво

Ако сте во долга љубовна врска, сигурно знаете дека понекогаш е тешко да се поврзете на некои нови нивоа. Одење во нов град, вечера во непознат ресторан или излегување на место во кое инаку никогаш не би оделе – ова се само некои од работите што можат да ве поврзат на нов начин. Исто е и со сексот. Ако пробате нови работи и откриете нешто подлабоко едни со други во кревет – ќе се зближите и ќе се поврзете уште повеќе. Затоа, не чекајте и купете вибратор за да ја зачините и освежите вашата врска.

Прочитајте и: Откријте на која возраст жените доживуваат најмногу оргазми

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.