Откријте на која возраст жените доживуваат најмногу оргазми

Истражување открива

Иако многу жени задоволството од секс и експериментирање ќе го поврзат со младоста, науката вели дека посилен и почест оргазам кај жените доаѓа подоцна.

Истражувањето спроведено на 2.600 испитаници открило дека жените над 36-годишна возраст имаат поголема веројатност да доживеат оргазам отколку жените под 36-годишна возраст. Жените биле прашани за нивното ниво на сексуално задоволство, за нивното чувство на сексуалност и привлечност и за квалитетот и зачестеноста на оргазмите. Испитаниците беа поделени во три групи. Првата вклучувала жени на возраст од 23 години и помалку, вторите жени на возраст помеѓу 23 и 36 години, а во третата група имало жени на возраст од 36 и повеќе години.

Иако многумина очекуваа дека најмладите жени ќе имаат најдобри резултати, докажано е токму спротивното. Најмладите жени доживуваат најмал број и најмалку интензивни оргазми, додека најстарата група имала најдобри резултати. Сексуалните терапевти велат дека сето тоа има врска со созревањето. Жените во доцните триесетти и четириесетти години се попознати со сопственото тело, желби и имаат поголема самодоверба и самољубие.

Иако хормоните се прилично диви во дваесеттите години, експертите велат дека тоа не е причината зошто сексот ќе биде подобар. Се разбира, постојат исклучоци кои докажуваат дека бројот на години не е нужно причина зошто вашиот сексуален живот ќе се подобри. Она што можете да го направите сами за да имате подобри, посилни и почести оргазми е да го прифатите сопственото тело и да истражувате сè што ве привлекува. Самољубието е добар афродизијак.

Прочитајте и: Ова се работите што мажите и жените најмалку ги сакаат во врска со сексот

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.