Млечните производи и чоколадото се смрт за лицето: Направете мали промени во исхраната и ќе блеснете!

Дознајте повеќе!

Најверојатно сте слушнале за приказните дека чоколадото, во комбинација со масната храна како што се чипсот и помфритот, можат да предизвикаат мозолчиња

Без никаков сомнеж, изборот на намирници што секојдневно ги внесуваме влијае врз изгледот на кожата, па така и чоколадото, но научниците имаат поделено мислење на оваа тема. Во текот на 1960-те години било спроведено истражување што вклучувало 65 учесници.

Тогаш немало видливи знаци на промени на лицето во период од 4 недели, колку што траел циклусот на следење. Меѓутоа, Националниот институт за здравје ги оспорил добиените резултати, поради методолошки пропусти.

Имено, чоколадото само по себе не ја поттикнува појавата на акни, туку шеќерот, кој е една од нејзините главни состојки. Лицата што учествувале во истражувањето и самите биле неодлучни при давањето одговори, така што со причина бил оспорен крајниот резултат.

Дерматологот Мишел Грин и нутриционистката Серена Пун ја откриваат вистината.

Појавата на акни на лицето може да биде условена од различни фактори, како што е личната хигиена и работата на хормоните. Грин порачува дека не постои потврда за оваа теза, но кога станува збор за чоколадото, многу зависи од тоа каква ќе одберете, бидејќи не се сите исти. Доколку тоа содржи фруктозен сируп, шеќер, разни филови, состојки со млечно потекло или адитиви, ќе внесете материи што можат да доведат до појава на акни. Пун се согласува со ова мислење и додава дека треба да се одбегнува внесувањето шеќер, млечни производи и преработена храна.

Тие неповолно дејствуваат на цревниот микробиом и можат да предизвикаат несакани појави на кожата, па и акни. Од друга страна, чоколадото содржи какао во голем процент, а тоа е богато со антиоксиданси и флавоноиди. Тие всушност го подобруваат квалитетот на кожата, пред сè, поради полифенолите, кои имаат антивоспалително дејство, го намалуваат оксидативното дејство и ја штитат кожата од штетното УВ-зрачење.

Во прилог на ова тврдење оди податокот од Националниот институт за здравје од 2014 година дека какаото во сиров облик е одличен сојузник за негата на кожа. Па затоа, Пун советува да одбирате црно чоколадо, без додатоци во форма на филови, односно состојките да бидат од природно потекло.

Денес, сè почесто се увидува значењето на здравата исхрана во поглед на изгледот на кожата. Поединечни истражувања го потврдиле она што го советуваат експертите, а тоа е дека производите од млечно потекло и шеќерот, во голема мера се виновни за појавата на мозолчиња.

Намирниците како бел ориз, бел шеќер и бел леб, поради високата количина на шеќери и јаглехидрати, брзо се варат и го зголемуваат нивото на инсулин. Тоа понатаму влијае врз лачењето себум и појавата на акни.

Експертите тука се согласни и имаат предлог-намирници за чист тен и хидрирана кожа. Покрај вода, на трпезата треба да се најдат и спирулина и слична суперхрана, цитрусно овошје, асаи бобинки, мача, црно чоколадо, риба, ореви, авокадо и леќа.

Вашата кожа ќе ви биде благодарна ако се ослободите од овие лоши навики
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.