Тајната на нашата врска е отворениот брак: Познатата актерка го шокирала светот со своето признание!

Заедно се 20 години

Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас не кријат никакви тајни

Нивниот брак беше одбележан со многу успеси и падови, но ни болестите ни разните обвинувања, како она за сексуалното злоупотребување, не успеале да го срушат и 49-годишната Кетрин Зета-Џонс и нејзиниот сопруг Мајкл Даглас сепак не одлучиле да тргнат по свој пат.

Сепак, не може да се скрие фактот дека токму тешките обвинувања за сексуалното злоупотребување на сметка на Мајкл Даглас донеле немир во неговото семејство. Токму за тоа, но и за нивниот брак проговорила славната велшка актерка во емисијата Today.

На водителите Савани Гатри и Ходи Котбу, Кетрин Зета-Џонс им ја открила тајната на нивната врска која трае речиси две децении. Тајната е тоа што тие имаат прилично отворен брак.

„Прво морам да кажам дека сум неописливо среќна што 20 години успеавме да опстанеме заедно. Никогаш не сум мислела дека е можно да се поминат толку години со некого и притоа сè да биде идеално. И не е. Мајкл и јас имаме многу отворен брак и врска. Кога имате деца, кои не се криви што се родиле во свет полн со неправди, мора да бидете отворени и да делите сè искрено.“

Токму тој дел се однесува на последниот скандал поврзан со нејзиниот сопруг, односно со обвинувањето дека сексуално ја злоупотребувал поранешната слугинка. Тие обвинувања ги натерале на крајот да седнат со своите деца, синот Дилан и ќерката Карис и отворено да поразговараат за сè. И самата признала колку тешко ѝ паднало сето тоа, но едноставна сакала сите да бидат запознаени со сè.

„Сепак сум родена Европјанка и многу сум приврзана за семејството и затоа нормално ми е кога ќе дојде до некаков проблем, сите да седнеме на маса и отворено да разговараме како да постапиме. На пример, ако мојата ќерка се чувствува несигурно, особено затоа што е тинејџерка, а девојчињата знаат да бидат многу злобни, додека син ми се запишува на факултет. Ние дискутираме за сите овие работи за да се запознаеме со сè што се случува и да нема изненадувања.“

 

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време