Биле во среќен брак 25 години, а потоа дознала шокантна вистина: Светот ѝ се срушил за миг!

Исповед на една жена

Болно откритие

Анонимна жена забележала промена во однесувањето на својот сопруг, во смисла на претерана грижа за својот изглед. Видела дека влегува во криза на средните години. На почетокот не била загрижена, сѐ додека не нашла фотографии на многу помлада жена во неговиот мобилен телефон.

Ова е нејзината исповед:

Мојот сопруг вели дека јас сум виновна за неговата афера, но знам дека тоа се случило поради неговата криза на средни години. Го оставив потоа, по 25 години брак.

Тој има 55 години, јас имам 54. Ми здодеа да бидам неговата сопруга, покрај која тој „веќе долго страда“.

Сѐ започна кога наполни 50 години. Дотогаш бевме прилично среќни, имавме малку проблеми. Водевме убав заеднички живот. Но одеднаш почна премногу да се грижи за својот изглед. Дури и почна да истражува за трансплантација на коса.

Потоа, тргна во вежбалница, купи нова облека и, како и секое средовечно машко клише какво што стана, одлучи да си купи скапоцен спортски автомобил. Сето тоа ми беше прилично интересно додека не почна да се однесува мистериозно. Претчувствував афера.

Набрзо потоа, фотографиите што ги видов во неговиот мобилен телефон потврдија дека сум во право. Стануваше збор за фотографии од многу помлада жена. Најпрво, тој негираше сѐ, обидувајќи се да ме увери дека тоа му е пријателка од работа. Но го сокрил нејзиниот број под друго име, така што сѐ ми беше јасно.

Бев скршена од болка. Се чувствував толку предадено. Да беше искрен, можеби и би му простила, но наместо да ја признае вината, тој ме обвини мене за неговото неверство. Ми кажа дека го направил тоа, бидејќи не сум покажувала интерес за него.

Очигледно не го масирав доволно неговото его, додека другата жена правела тој да се чувствува секси, згоден и паметен.

Му кажав дека сакам развод. Си пронајдов гарсониера и си ги спакував куферите, но сега ме моли да не заминувам. Признавам дека се чувствувам многу тажно, не знам како ќе го преболам сето ова.

Што мислите вие за оваа ситуација? Како би постапиле вие?

Исповед на една жена: „Не сум имала секс со сопругот 3 години – не можам ни да си замислам како го бакнувам!“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.