Исповед на една жена: „Не сум имала секс со сопругот 3 години – не можам ни да си замислам како го бакнувам!“

Исповед

„Моментално, мојот сопруг се нема истуширано четири дена… не знам што да правам“

Додека за некои двојки исчезнувањето на страста е најголемиот проблем, за некои проблемот е малку посрамен. Да, и хигиената може да биде проблем во врската, а оваа жена се соочила токму со тоа.

Повеќепати се обидела да му укаже на важноста на хигиената. Дури и му купила пилинг за темето на главата и шампон за миење, бидејќи косата му мирисала „посебно“, но тој упорно одбивал да ги користи.

Покрај сето тоа, ретко ги миел забите како што треба и таа вели дека „здивот му мирисал на плак“. Покрај тоа, ретко ги сечел ноктите, но и ретко ги миел рацете.

„Помина низ фазата во која прилично беше лут на мене поради тоа што не сакам да му се приближам, да го прегрнам и бакнам. Изгледа се откажа од тоа, па повеќе не е толку лут и не се обидува да ми се приближи. Јасно му ставив до знаење последнава година дека не го сакам близу до мене“, објаснила сопругата и додала дека му се лути поради тоа што тој постојано ја игнорира кога се обидува да го наговори да се грижи за себе и дека тоа го смета за непочитување.

Таа тврди дека сопругот некогаш бил многу пристоен човек, но сега сериозно размислува за нивниот однос, бидејќи проблемот станал голем. Сфатила дека тој не бил отсекогаш ваков и дека работите стануваат сè полоши како што поминуваат сè подолго време заедно.

„Не можам да ја поднесам помислата да бидам близу до него и да го бакнам“, искрено кажала таа.

Многумина ѝ порачале дека нивниот брак е завршен.

„Воопшто не сум гадлив, но читајќи го ова ми става мачно. Зошто сè уште си во брак со него? Јас едноставно не би можел“, гласел еден коментар.

„Апсолутно грозно. Нема да се промени, нели? Мислам дека вашиот однос е мртов“, рекол еден човек.

„Ако е така, ми звучи како едноставно да не му е грижа да се потруди. Не му е гајле како се чувствувате“, напишал друг корисник.

Што мислите вие за оваа ситуација? Како би постапиле?

ИСПОВЕД: „Еве како го оттргнав сопругот од неговата љубовница – не можев љубовта на мојот живот да ѝ ја дадам на некоја друга!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.