Докторите предупредуваат: Сите ја прават оваа кобна грешка по постењето!

Совет на експерти

Експертите објаснуваат како да се вратите на масна храна по големиот пост без да го шокирате организмот

Големиот или велигденскиот пост што започна на 7 март, завршува денес. Тоа е еден од најстрогите пости, а исто така е и најдолг – оние што го постат целиот пост, цели 48 дена се воздржуваат од јајца, млеко, месо и други масни намирници.

По овој пост доаѓа Велигден, а како што на сите ни е познато, тоа подразбира и кршење со јајца, но и уживање во разните специјалитети што домаќинките вредно ги приготвуваат. Оние што постеле долго и мечтаат за масна храна, едвај чекаат да уживаат во разните гурманлуци, но факт е дека јаката и масна храна може тешко да му падне на организмот кој долго време бил на посна храна.

Експертите откриваат што е најлошото нешто што можете да го направите по постот, а советуваат и како полесно да го навикнете телото на масна храна.

„Најголема грешка е по постот да се навали на прасенце, јагненце… Постојат истражувања што покажуваат дека на организмот му требаат најмалку две недели за да ѝ се врати на таа масна храна. Ако во недела одиме на причест, едвај чекаме да почнеме со обилен појадок, па ручек, па вечера, десерти… Се препорачува, по постот, утредента да почнете со масен појадок, па да земете една цела жолчка и повеќе белки со салата, може и парче ржан леб. За ручек можете да изедете и парче прасе или јагне, но малку и џвакајте што е можно повеќе за да не го оптоварите желудникот. Одбирајте кртина, бидејќи тука нема толку масти. Внесуваме протеини и за време на постот преку рибата, но овие маснотии доведуваат до болки, до жолчни колики, до претерана болка на панкреасот, тенкото дебелото црево, желудникот – сѐ страда ако внесуваме огромни количини на храна, а особено ако јадеме десерти што сега се полни со маргарин, јајца, масти. Тоа треба да го одбегнувате“, порачуваат експертите за исхрана.

Совети од нутриционист: Ако ви се појават овие симптоми, треба да го прекинете постот!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.