6 типови мажи кои не се добар „материјал“ за брак: Со нив ништо не е сигурно!

Не се за брак

Можеби звучи грубо, но некои мажи се добар материјал за брак, а некои едноставно не се

Во брачната заедница се бара верност, искреност, преданост, подготвеност на компромиси и ставање себеси на второ место одвреме-навреме. Некои мажи едноставно ги немаат тие квалитети, а еве кои шест типови мажи не се пожелни сопрузи…

1. Мажот што ви го скршил срцето и никогаш не ви се извинил поради тоа

Тоа што тој ве гледа заедно до крајот на животот и во среќен брак, не значи дека му е жал што некогаш претходно ве повредил. Иако секој може да погреши, да се биде способен да се признае грешката и да се биде со некој кој може да го направи истото, е многу важно за среќен брак.

2. Неверен маж

Заблуда е дека мажот кој во врската бил неверен, во бракот одеднаш ќе се смени и ќе стане верен и приврзан. Па дури и ако биде така, на таквиот маж никогаш нема да можете да му верувате потполно. А каков е тој брак без доверба?

3. Егоистичен маж

Во љубовта и бракот некогаш мора да се ставиме себеси на второ место. Мажите кои се премногу окупирани со себе и секогаш се сметаат себеси за најважни, не се способни вашите потреби некогаш да ги стават пред своите, поради што никогаш нема да бидат добри брачни партнери.

4. Измамник

Мажот кој знае да измами некого за да дојде до брза и лесна заработка, па макар било тоа и неговиот лош шеф кој го „заслужил“ тоа, тој не е човек кому можете да му верувате. Па дури и ако тоа можеби никогаш не би ви го направил вам, со ваков маж никогаш нема да бидете начисто дали и вие на некој начин би можеле да станете жртва на неговите измами.

5. Мрзливец

Спротивна крајност на работохоличар е мрзливец. Дури и ако е моментално невработен, може да придонесе во вашата врска така што ќе ги преземе домашните обврски, грижата за децата и слично. Која жена сака маж кој само седи на каучот, гледа телевизија, пие пиво и ништо не му се прави?

6. Маж кој не знае да се справи со проблемите

Во венчаните завети, делот „во добро и во зло“ не постои без причина. Мажот кој се исклучува и се оддалечува штом се појави некој проблем, нема да биде тука за вас кога најмногу ќе ви треба. Не ви треба сопруг на кој нема да можете да сметате.

Ако не разговарате за ова со сопругот, вашиот брак е нула: Порано или подоцна, разводот е неизбежен!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.