УРЕДУВАЊЕ: Деловен простор со топла атмосфера (ФОТО)

На улицата „Максим Горки“ бр.17, во срцето на Скопје се наоѓа новоотворената продавница за пури Farel Cigar World. Деловните објекти од ваков тип секогаш се специфични за дизајнирање поради посебната грижа и изложување на производот што се продава. Главниот акцент на овој простор се става на walk-in humidor, специјално изработен хумидор по мера на потребите на инвеститорот

Пред да се почне со уредување на специфичен деловен простор, како што се продавниците за пури, потребно е детално да се истражи и проучи теркот по кој се прават истите тие, бидејќи се работи за поинаква стока што мора да биде сместена во посебни услови. Станува збор за проектот Farel Cigar World, дизајниран од страна на архитектката Ема Ефремовска.

Хумидорот е направен од алубонд и проѕирно калено стакло, што го примамува секој поглед на љубителите на пури. Во него се наоѓа специјална машина, изработена за соодветната квадратура, која одржува постојана влага во просторот. Пурите се поставени на перфорирани полици од шпански кедар, за да се задржи природниот мирис и истите тие да се заштитат од сушење или преголема влага. Кедарот е високоотпорно дрво и има долготраен, посебен мирис, поради што е омилен и се користи во сите кутии за пури.

Од другата страна се наоѓа елементот за аксесоари, изработен од истите материјали како и целиот простор. Во тој дел се надоврзуваат и облогите на столбовите, кои придонесуваат за да се создаде една компактна целина.

Аксесоарите се изложени и затворени со стаклени крила, со механизам за отворање на допир, додека во долниот, магацински дел се поставени фиоки со туплунг-рачки. Сите позиции ги красат декоративни апликации од истото дрво. Секој ѕид е внимателно одбран и обработен со различна техника и боја.

Кај рекламите преовладуваат боите на „Фарел“, црна и златна. Овој дизајн ги оправдува позитивните критики. Топлите тонови и добрата атмосфера прават да се чувствувате пријатно и релаксирано, а „Фарел“ е заслужен за огромниот избор на премиум пури и аксесоари.

Архитектката Ема Ефремовска

Текст: Марија Лукаревска

Фото: PR, приватна архива

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.