Северина Којиќ: „Идеално е кога партнерот ви е пријател со кого сте многу страстни“

Тајната на нејзиниот среќен брак

Фото: ATA IMAGES

Северина Којиќ ужива во бракот со Игор Којиќ. Иако многумина им предвидуваа несреќен крај, пред се’ поради големата разлика во годините, тие успеаја да им одолеат на сите предизвици и искушенија и продолжија да уживаат во својата среќа.

Во разговорот со магазинот „Хело“, популарната пејачка го откри својот рецепт за среќен брак.

Идеална комбинација е кога партнерот ви е добар пријател со кого сте многу страстни. За мене ултимативен доказ за љубовта на мажот е кога ќе ги запознае сите мои мани, сето најлошо за мене, а и понатаму ќе ме сака“, искрена беше пејачката.

Таа исто така им порача на сите жени да бидат „максимално разгалени“ со своите партнери…

За жал, дома не сум истата онаа што сум на сцената. Тоа треба да се научи. Ги советувам сите жени да бидат многу разгалени, пред се’ да се сакаат себеси. Ако не се чувствувате добро во врската, не барајте ја причината во другите, туку во вас самите. Самопочитувањето е предуслов за се’. Што повторно води кон тоа дека мора да ги познаваме сопствените граници, за кои често не сме свесни, па стануваме тажни и несреќни.“

Извор: Хело.рс

Фото: ATA Images

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.