Украсување на домот: Без оглед на трендовите, овие 4 работи никогаш не се менуваат

Без оглед на трендовите во дизајнот на ентериер, постојат јасни правила кои не се менуваат, и уште еднаш ве потсетуваме за што всушност станува збор …

Овие работи никогаш не се менуваат:

Големина на тепих

Честопати го купуваме тепихот на крајот и без многу да гледаме како тој одговара со остатокот од ентериерот. Она што е важно е да не биде премногу мал за просторот, ниту премногу голем за да ја покрива просторијата од агол до агол. Треба да биде со големина што одговара на големината на мебелот или е за нијанса поголем, но никогаш не треба да биде помал.

Претерување со мебел

Се случува кога ќе сакаме парче мебел во салонот, да го купиме без да размислиме дали навистина ни треба, или каде ќе го вклопиме. Иако наоѓаме место за тоа, секогаш треба да имаме предвид дека премногу мебел го „гуши“ просторот. Дизајнерите истакнуваат дека кога не сте сигурни секогаш треба да избирате минимализам, затоа што помалку е подобро отколку повеќе.

Завеси

Обрнете внимание на должината на завесите. Често се случува завесите да бидат со погрешна должина. Избегнувајте ги оние што имаат иста должина со висината на прозорецот. Завесите треба да паѓаат на подот, но не да се влечат по подот.

Слики

Сликите го збогатуваат секој простор, но не треба да претерувате ниту со нив. Можете да изберете да доминира една или да организирате мозаик од повеќе слики, во зависност од тоа што сакате и што се вклопува во просторот. Идеално, сликата треба да се постави на ниво на очите.

Прочитајте и: Декорација на домот: 5 совети како да постигнете совршен минимализам во станот

 

ФОТО: Unsplash

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.